Телевизор против разводи

Можете со брачниот не/пријател да гледате ист телевизор а да си бидете башка Тито, башка Јованка. Што се 8.000 евра за раат?

Samsung S9C OLED TV, 55 инча, цена 8.340 евра. Паметен телевизор. Прави амбиентална светлина, се управува и со говор, препорачува канали, од него може да се праќаат меилови, да се твита и ред други работи.

Она што е кај него вредно и уникатно е можноста истовремено да се гледаат два различни канала.

Бен Хеч и неговата сопруга Дина до неодамна биле од оние безбројни двојки во кои една од главните битки се водела околу прашањето кој канал да се гледа: фудбал или нешто женско. Бен обожавал да гледа и историски документарци од Втора Светскa војна што Дина никогаш не можела да го разбере бидејќи "ем не се во боја, ем се знае кој победил во војната."

Потоа го купиле Самсунгов и настапил траен мир во нивниот дом. Ќе ги легнат децата, ќе си сипаат вино и седнуваат заедно пред телевизор, секој со своите слушалки, секој го гледа својот канал.

Велат, парот кој заедно гледа телевизија, останува заедно.

повеќе

 

19 ноември 2013 - 11:26