Занимливости

Кралскиот пчелар морал на своите штитенички да им ја соопшти тажната вест

Будалестата ритуалност на британскиот монархизам оди во толку бизарни детали што постои протокол дури и за кралскиот пчелар во случај на смрт на монархот: треба да оди од кошница до кошница, да им ја соопшти тажната вест на пчелите и притоа да им каже да не се секираат.

Сопственици на Тесла прекинале штрајк со глад заради глад

20 сопственици на автомобили Тесла од Норвешка започнаа штрајк со глад заради дефекти во нивните коли и незадоволство како тие проблеми им се решаваат. Гладот победи веќе првиот ден. А Илон Маск поштено ги затрола.

„Фак“ им припаѓа на сите

Пријавувањето патенти и заштитувањето трговски марки се стандардно досадни и сувопарни случаи. Но, чат-пат знае да се појави и некоја помрсна епизода. Надлежните во САД неодамна решија дека никој не може да поседува ексклузивно право и на таа основа да заработува од омилената пцовка на англиски јазик.

На комарците им мирисаме на Шанел N°5

Две миризливи супстанци, деканал и недеканал, потсетуваат на мирис од кора на портокал но најпрепознатливи се во култниот мирис на Коко Шанел, легендарната Петка. Истражувачите сега откриле дека токму тие две супстанци се оние кои ги привлекуваат комарците кај луѓето. И оние што не користат Шанел.

Синот на Илон Маск реши да стане ќерка

Транссексуалната ќерка на Илон Маск официјално побарала менување на своето име „во согласност со нејзиниот нов идентитет“, а за да не оди два пати по шалтери во исто време се откажала и од својот татко Илон.

Нит вонземјани ќе дојдат, нит ние ќе им одиме

- Кај се, што не доаѓаат? - со векови се прашуваат луѓе во недостаток на недвосмислени докази дека нашата планета е, или била посетена од вонземјани. Една нова хипотеза дава можен одговор кој не е баш охрабрувачки. 

Американски авиокомпании спуштаат критериуми за пилоти

Соочени со недостаток на пилоти заради што почнаа сериозно да откажуваат летови, авиокомпании од САД планираат мерки за полесен и побрз тренинг за пилоти. Меѓу другото, веќе се бараат дозволи за двојно кратење на потребните часови летање од оние што се бараат сега.

Победа за професорот кој одбивал студент да нарекува студентка

Американски универзитет ќе му плати добра цифра на свој професор кого го има казнето затоа што на машки студент му се обраќал како на машко а овој сакал да му се обраќаат како на женско.  Професорот случајот го добил откако се повикал на своите верски права и убедувања по кои се знае што е машко а што женско.

На толку сељаци, пак немаме среќа

Безобѕирно сељачиште се удира во жена во супермаркет и прави таа да ја згреши лото грепката што сака да ја купи, и сега жената е побогата за 10 милиони долари.

Кодоши на родната планета

Научници ќе почнат во вселената да испраќаат порака која ја содржи точната локација на нашата планета во универзумот, иако Стивен Хокинг им викаше да не си играат со таква идеја. Бидејќи кога ќе нè најдат, може и да не биде „домаќине, добри гости ти дојдоа“.

Италија се обиде да го забрани Достоевски како казна за Путин?

Писател кој треба да одржи неколку предавања на тема Достоевски деновиве е откажан од државниот Универзитетот во Милано - Биока, заради почетокот на руската инвазија.

Викиншките орди може биле транссексуалци

Меѓу Викинзите кои пред 1.000 години ја пустошеле Шкотска можеби имало транссексуални воини, е новиот правец на размислување што го пренесува Сандеј тајмс.

Чех возел 417 км/ч во Германија

Германија е позната по тоа што нема ограничување на брзината на нејзините автопатишта, но еден чешки милионер допрва ќе треба да види каде се границите на ваквата толерантност.

Јапонија бе!?!?!?

Јапонската влада како јапонска влада има нешто што се вика „Правила за официјално пишување“ кои важат веќе со децении. Во овие правила до сега никаде немаше спомнато користење на извичник и прашалници, па тие не ни беа користени во официјалната владина кореспонденција. Сега ги има.

Шпанија ќе ги спасува родителите од нивните родени џаболебари

Шпанската држава ќе им плаќа по 250 евра на млади Шпанци/Шпанки да ја пресечат папочна врска со своите родители и да се иселат од дома. Колку млади? Па до кај 35 години.

Во Франција колите добија налепници за штетност

Во иднина секоја реклама за автомобили во Франција задолжително ќе треба да содржи порака дека автомобилите општо не ги бива и да ги стимулира гледачите да не користат автомобили.

ГПС на смислата на животот

Каде ја бараат и во што ја наоѓаат луѓето среќата и смислата на своите животи? Среде пандемија биле прашани 19.000 возрасни лица во 17 различни држави од светот. Има некои константи ама интересни се и разликите.

Најдобро се учи со гледање два пати ама брзо

Универзитетските видео предавања треба да се пуштаат на двојно поголема брзина ама да се изгледаат два пати за најлесно да се научат. Истото веројатно важи и за разни Јутјуб туториали што ги гледате.

На Американците им се скратија две години од животот

За една година, очекуваниот животен век на Американците падна за речиси две цели години. Се работи за најголемиот пад во оваа статистичка категорија во последниве 75 години. Притоа, ковид не е најголемиот поединечен убиец.

Берлин лабавее

Најмногу што на времето можеше да се ќари од јавниот превоз во Скопје беа филтерчиња од картите за автобус. Сега Берлин оди еден чекор понапред и пушти во оптек карти за метро од коноп што се јадат.

Политиката да се вмеша во спортот, под итно

Во преседан кој би требало да стане пракса барем еднаш во мандатот на кој било политичар, двајца локални политичари од Бразил префрлањата од Фејсбук ги решија во ММА ринг.

Саудиска Арабија како столб на природната убавина... кај камили

Судиските власти зададоа одлучен удар на една од најголемите измами во земјата и наредија дисквалификување на 40 камили од еден тамошен избор за најубава камила, затоа што биле „унапредени“ со ботокс, фејслифт и филери.

По омикрон Израел забрани влез за сите странци, освен за убави жени

Иако беше една од првите земји во светот што се барикадираше откако се разбра за новата ковид варијанта, Израел одлучи да воведе исклучок во забраната за влез на странци кој ќе важи исклучиво за Мисиците од цел свет.

Никој како баба

Бабите емоционално се повеќе поврзани со своите внуци и внуки, отколку со сопствените деца, покажува студија која го истражува функционирањето на нивниот мозок.