Самсунг настрада заради други

Една милијарда е една милијарда, ама Самсунг воопшто не беше главната цел на Епл. Целата работа беше напад на Гугл и подобро позиционирање на Епл во однос на останатите компании.

Во основа Епл не може да го тужи Гугл затоа што тој без пари им го дава Андроид на производителите на смартфон. Друга работа е што речиси сите производители го адаптираат Андроидот по своја желба, во однос на дизајн и функционалност (Samsung TouchWiz / HTC Sense), за што Гугл повторно не може да одговара.

Во меѓувреме Форбс објави дека Гугл поднел тужба против Епл за прекршување на патенти во сопственост на Моторола Мобилити, која минатата година беше купена од Гугл.

28 август 2012 - 13:08