Самсунг, џинот што почна како извозник на сушена риба

Во изминатите неколку години, откако сериозно запнаа на промоција на мобилните телефони Самсунг стана еден од најпрепознатливите брендови во технологијата. Почетоците на Самсунг се во 1938-ма, кога е основана како компанија која извезува сушена риба.

Откако првите десетина години ги минува на извоз на риба, брашно и останата стока во Кина, во 50-те и 60-те години Самсунг почнува со инвестирање во други бизниси како животно осигурување и текстил.

Во 1969-та се основа Самсунг електроникс. Оваа дивизија произведува претежно телевизори. Првите Самсунг црно-бели телевизори одат на продажба во 1970-та. Во 70-те, Самсунг почнува сериозно да се шири и започнува со производство на хемикалии, изградба на бродови и градежништво.

Во 80-те, Самсунг дополнително се фокусира на електроника. Компанијата почнува да произведува телевизори во боја, ПЦ-а, видео рекордери. Во 80-те тие почнуваат и да извезуваат во Северна Америка. Во 89-та, Самсунг се здружува со Бритиш петрол и ја формираат Самсунг БП Кемикалс. Компанијата ги продава своите производи во Кореа.

На почетокот и средината на 90-те, Самсунг почнува со производство на меморија и хард-дискови. Според "легендата" во 1995-та кога еден од првите модели на мобилните телефони на Самсунг излегол од производство тој воопшто не работел. Тогашниот претседател на компанијата кога дознал веднаш отишол во фабриката и ја запалил целата залиха од телефоните.

Кон крајот на 90-те, Самсунг сериозно почнува да прави мобилни телефони. Во 1999-та тие го имаат еден од првите мобилните телефони со можност за интернет. Со тек на време ова ќе стане најпрофитабилниот бизнис на Самсунг.

Во истиот период компанијата прави сериозни напредоци и во однос на телевизијата, а во 1998-ма го има првиот масовно произведен дигитален телевизор. На почетокот од овој век почнува со производство на ХД телевизори, а последователно и домашни кина и Блу Реј плеери.

Првиот Андроид телефон на Самсунг, Галакси С, компанијата го презентира во 2010-та. Денес актуелна е третата генерација од овој телефон, кој го сметаат за еден од најдобрите смартфони на светот. Истата година, тие го лансираат и Галакси Таб, првиот меинстрим таблет за Андроид. Денес Самсунг произведува повеќе мобилните телефони од кој било друг конкурент.

Во 2013-та, тие ја прикажаа најновата верзија на нивната Smart TV платформа, која треба комплетно да го промени начинот на кој гледаме телевизија.

11 февруари 2013 - 15:58