Русија има нова стратегија за украинската енергетска мрежа

Наместо напади на најголемите и најзначајните енергетски капацитети на Украина, Русија по ново се фокусира на уништување на помалите електрани во региони кои се послабо бранети од Киев. И за сега тоа им дава одлични резултати.

Дел од нападнатите електрани не само што нема да можат да бидат вратени во погон до зимава, туку најверојатно ќе треба неколку години за тие одново да се изградат или санираат.

Украинските власти објаснуваат дека иако не станува збор за масовни напади, штетата што сега ја им предизвикано Москва е полоша отколку таа во зимата 2022-23, и дека главна цел на нападите е да се направи перманентна, непоправлива штета.

Русија од 22 до 29 март таргетира седум термо-електрани вон регионот на Киев и две хидро-електрани. Украина не дава детален извештај за оштетувањето на електраните но признава дека неколку, вклучително и во регионот на Харков, се речиси целосно уништени.

ДТЕК, еден од најголемите производители на струја во Украина, во нападите во март губи 80% од своите капацитети за производство.

„Истиот број ракети кои беа искористени за зимските напади во 2022-23 на цела територија на Украина, сега е фокусиран на шест енергетски капацитети во еден регион.

Тие се обидуваат да отсечат големи индустриски региони и градови од енергетската мрежа,“ изјавуваат од Укренерго.

Друга разлика од 2022/23 е и што Русите сега за нападите користат скапи прецизни балистички ракети. Пример украинските процени се дека само за еден неодамнешен напад на термо-електрана употребени се ракети во вредност од 100 милиони долари. Поевтината опрема, како дронови, се користи за напади на помали делови од енергетскиот систем, како трансформатори.

За сега штетата од руските напади се надоместува со комбинација од зголемен увоз на електрична енергија од Европа, нови соларни капацитети во Украина и топлото време. По нападите од март Украина од ЕУ увезе рекордни 18.700 мегават часови.

9 април 2024 - 11:22