Повторно некој би да пали Куран во Шведска, повторно немири

Крајно десничарска група објавува дека планира да одржи палење на Куранот во Шведска. Настанот заврши со 9 повредени полицајци, 3 повредени и 40 уапсени муслимани и 0 запалени курани.

Тројцата повредени се откако полицијата почнала да пука кон демонстрантите.

Пред да се случи што било од ова, данско-шведскиот политичар Расмус Палудан објави дека имал запалено Куран и дека сака повторно да го направи истото.

Палење на куранот немаше, ама затоа имаше судири на неколку локации, меѓу кои главните беа во Норкопинг, каде Палудан најави дека ќе се одржи палењето.

Политичарот воопшто не се појави на местото, а во изјавата од неговата партија Страм курс (Тврда линија), се наведува дека собирот е откажан затоа што шведските власти „покажале дека се комплетно неспособни да се заштитат себе си и мене.“

Претходно Палудан се појави во градот Јонкопинг, и зборуваше на мегафон држејќи Куран. Неговиот говор бил попречен од локалниот свештеник кој во тој момент ги активирал црковните камбани.

Палудан во 2019

Палудан претходно се кандидираше на изборите во Данска во 2019 каде освои 1,8% од гласовите и не влезе во парламентот. Во 2020 тој беше затворен во Данска. Сега најавата му е да се кандидира на изборите во Шведска во септември, ама се уште ги нема собрано потребните гласови.

18 април 2022 - 14:02