Нема бегање од Сан Франциско

Градските власти сакаат за сите локални супер/мини-маркети и продавници да воведат задолжителен рок од шест месеци најава пред да го затворат својот локал во Сан Франциско.

Проблемот им е што во градот се случува егзодус на големи и мали ланци на продавници заради либералните политики кои укинаа какво било казнување на кражби под одредена сума на пари. Рокот од шест месеци е за властите да можат да најдат заменски супермаркет кој би решил да отвори на истата локација.

Освен допис до градот, продавницата ќе треба да објави на сите свои влезови и излези дека планира да затвора.

Рокот од шест месеци нема да важи ако затворањето е заради непредвидливи бизнис околности или природна катастрофа.

Законот предвидува дека секое лице што е погодено од неисполнување на барањата од страна на продавницата ќе може истата да ја тужи и да бара отштета од неа.

Минатата година Хол фудс затвори својата продавница во Сан Францско за околу 13 месеци по отворањето. Според полициски записници на локацијата во рок од 13 месеци 568 пати била повикана полиција за најразлични инциденти од тепање, фрлање храна, викање и обид за вршење нужда. Само таму се уапсени најмалку 14 лица.

9 април 2024 - 15:06