Маск сепак бил на линија со Путин по почетокот на војната

Илон Маск известил функционери од Пентагон дека телефонски лично разговарал со рускиот претседател, по почетокот на руската инвазија во време кога неговиот Старлинк сателитски интернет беше масовно распоредуван низ Украина.

Маск доброволно во октомври му ја пренел информацијата на Колин Кол, тогаш еден од највисоките функционери на Пентагон, со кого разговарал околу тоа што украинската војска го губи Старлинк сигналот кога ќе влезе на територија окупирана од Русија.

Тогаш Кол му објаснува на Маск дека ако го изгаси интернетот тоа нема да ја изгаси и војната.

Наводно Маск размислувал за укинување на сателитскиот интернет над Украина, кој е еден од главните канали за комуникација на украинската војска, од страв дека Русија ќе го смета за поттикнувач на војната.

Откако Њујоркер објави околу разговорот на Маск и Путин, повторно се разгоре контроверзата за мировниот план што претходно го предложи Маск кој беше пофален од Кремљ, а критикуван од Зеленски.

22 август 2023 - 11:34