Италија го легализираше фашистичкиот поздрав

За прв пат по 1945 во Италија ќе биде дозволено римското отпоздравување, кое во Втората светска војна стана симбол на фашистите и нацистите, се додека истото не претставува закана за јавниот ред и мир.

Италијанскиот суд одлучи дека фашистичкото салутирање е прекршок само доколку го загрози јавниот ред и мир или ако претставува ризик за возобновување на забранетата фашистичка партија на Италија, вон ова кој сака може да крева рака.

Со оваа одлука целосно се амнестираат стотиците учесници на еден неодамнешен собир во Рим во кој со римски поздрав ја одбележаа 46-годишнината од убиството на тројца милитанти на некогашната партија Италијанско социјално движење. Партијата во тоа време има неофашистичка идеологија, а убиството на нивните три члена е извршено од антифа.

Организаторот на годишното одбележување е италијанската Касапаунд, исто така прогласена за неофашистичка партија, која судската одлука ја смета за историска победа, порачувајќи „секако дека ќе продолжиме да го правиме римскиот поздрав.“

23 јануари 2024 - 10:36