Белата куќа би сакала да нема интерес за извештајот за повлекувањето од Авганистан

Американската влада го објави извештајот за несреќното повлекување на САД од Авганистан, во петокот пред продолжениот викенд за 4-ти јули, со крајно либерално користење на правото за цензурирање.

Извештајот главно опишува како администрацијата на Бајден не доволно го испланирала военото повлекување од Авганистан и како не успеала да го предвиди хаосот што се случи.

Меѓу хајлајтсите од извештајот кој го подготвува Стејт департментот се:

- Немало доволно разбирање на највисоко ниво за можните најлоши сценарија и колку брзо истите можат да се случат.

- Иако предвидувањата варираат, се до падот на Кабул, најголем дел од процените се дека авганистанската влада и нејзината војска ќе може да го одбрани градот со недели, ако не и месеци.

- Не е јасно кој во Стејт департментот бил одговорен за евакуацијата на невоените лица (НЕО). „Именувањето на одговорниот од 7-от кат за надлежен за надзор на сите елементи од кризниот одговор ќе ја подобреше координацијата меѓу различните линии на делување“.

- Константното менување на насоките за политики и јавните пораки од Вашингтон во врска со тоа која популација се квалификува за релокација и како амбасадата треба да се справи со барањата и приливот додадоа конфузија и често пати не ги земаа предвид клучните факти од теренот.“

Добар дел од извештајот се однесува на фактори кои не се под контрола на Стејт департментот, како договорот на Трамп со Талибанците, недостатокот на релевантни функционери во Стејт департментот потврдени од Сенатот  и распарчениот процес за одлучување за специјалните баратели на имигрантска виза.

Извештајот како препорака бара унапредување на капацитетот на министерството за справување со кризи и назначување на едно лице кое ќе го предводи конкретниот напор, и практикување на повеќе вежби во оваа сфера.

За Џонатан Шроден од ЦНА тинк-тенкот од Вирџинија, целиот извештај „во најдобар случај е блед“.

„Извештајот најголемиот дел од просторот го троши за отфрлање на вината, давање изговори и фалење на целокупниот напор вложен од Стејт департментот за време на повлекувањето и евакуацијата.

Неговиот оптимистички тон и многу скромните препораки за подобрување се остар контраст на сликите што мислам дека најголемиот дел од Американците ги имаат на ум за тоа како заврши американското распоредување во Авганистан,“ порачал Шроден.

11 јули 2023 - 15:19