Каде е оружјето?

Државите во Европа речиси го удвоија увозот на големо оружје во последните 4 години. Во периодот 2019-2023 година, многу поголеми количини на оружје влегоа во Азија и Океанија како и на Блискиот Исток, каде што се наоѓаат девет од 10-те најголеми увозници на оружје. Извозот на САД е зголемен, извозот на Русија е преполовен.

Околу 55 отсто од увозот на оружје од страна на европските држави бил испорачан од САД, што е над 35 повеќе отколку во претходниот период, покажуваат податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања.

Истовремено, Европа стои зад една третина од глобалниот извоз на оружје.

Американскиот извоз е зголемен за 17% а пораснат е и нивниот удел во глобалната трговија, од 34 на 42 процента. САД и западна Европа прават 72% од глобалниот извоз. Во претходниот период, уделот беше 62%. Америка им продала оружје на 107 држави. 

Рускиот извоз е драстично намален, за 53%. Во 2019 година продавала во 31 земја а во 2023 само на 12.

Извозот на оружје на Франција се зголеми за 47 отсто и за прв таа стана втор најголем извозник на оружје, претекнувајќи ја Русија. Најголем дел од француското оружје заврши во Азија, Океанија и Блискиот исток. 

Поединечно, најголем увозник на оружје од Франција е Индија. Францускиот извоз на оружје во голема мера се должи на испораките на борбени авиони во Индија, Катар и Египет.

Нели им текнува дека ги вооружуваат земјите од БРИКС?

14 март 2024 - 13:41