Има ли живот после Чернобил?

Уништениот реактор на Чернобил е опколен со 30 километарска зона во која е забранет влезот. Зоната успешно функционира веќе 30 години и во неа нема припарено ниту еден човек со исклучок на мониторираните посети. По овие 30 години, забранетата област е преполна со живот.

Во рамките на зоната, која моментално е проголтана од густа шума има изненадувачки голем број на диви свињи, лосови, волци и останат дивеч.

Докторот по екологија и еволуција од Рудгерс Универзитетот, Џејмс Мекдоналд, објаснува дека слично нешто се случува и во Муруроа атолот во Јужен Пацифик, каде француската војска над 20 години спроведуваше нуклеарни тестови. Во експлозиите беше уништен комплетниот рибен фонд во областа. Во рок од пет години по прекинувањето на тестовите, атолот пак има исто ниво на риби како и пред почетокот на експлозиите.

Разликата меѓу двата случаја е во обемот на радиоактивно зрачење кое излегува од Чернобил, по што шумата во неговата околина е толку загадена што "ако некогаш таму се случи пожар, отровот ќе се рашири до Централна Европа, а водата и почвата се безнадежно загадени и ќе останат такви уште илјадници години."

По катастрофата во Чернобил, почетните процени беа дека радијацијата комплетно ќе го спречи секое реколонизирање на областа од страна на диви животни. На почетокот од 90-те научниците се зачудени од бројноста и разноликоста на дивеч во забранетата зона, вклучително и појавата на некои инаку загрозени видови како црниот штрк.

Една од работите кои посебно зачудува е што животните во забранетата зона речиси и да немаат никакви штетни последици од околината во која живеат. Во прво време научниците откриваат генетски разлики кај тамошните глувци кои сметаат дека се од радијацијата, за подоцна да утврдат дека всушност работеле со 4 различни видови глувци.

"Всушност комплетното тело на студии кои ги изучуваа последиците од Чернобил можно е да се базираат на погрешни претпоставки. Иако кај неколку видови животни во областа околу Чернобил се забележува висока стапка на мутација, позадината на ова не е јасна. Високите стапки можат и природно да се појават, да коинцидира со, ама не и да бидат поврзани со несреќата," пишува Мекдоналд.

28 октомври 2015 - 17:20