Глејте вашите сметки, остајте нашиот ќар

PG&E е голема компанија снабдувач со гас и електрична енергија  на домаќинства и деловни субјекти во северна и централна Калифорнија. Без многу галама, им ги качиле на луѓето сметките за јануари. Еден месец подоцна, приходите им скокнале за 25%. „Нема врска, не е од тоа,“ убедуваат од компанијата. Звучи познато, нели?

Јануарското поскапување било само последно од неколкуте во последно време по што приходите на компанијата скокнале за една четвртина и дошле до ниво од 2,2 милијарди долари. 

„Финансиското здравје на нашата компанија е добра за нашите клиенти, бидејќи можеме да инвестираме и да изведуваме  инфраструктурни проекти по поприфатливи цени. Идејата дека сè што излегува од нашиот извештај за заработката е директен резултат на зголемувањето на сметките е погрешна“, соопштија ПР зналците на компанијата.

Клиентите баш и не се убедени во тоа, особено што во последно време гледаат како паралелно со зголемување на сметките, нивниот снабдувач дава многу пари на реклами за позитивен имиџ на компанијата и настани како што им се петочните „Coffee Connect“ на кои им го плаќаат кафето на оние кои сакаат дa се видат и поразговараат со некој претставник на PG&E.

„Многу сум лут. Ќе инвестирале во соларна енергија а тие го убија соларниот програм. Сега јас ќе плаќам за нивните глупави „PG&E е твојот пријател“ реклами и за нивните кафиња што ги частат“, вели еден нивен корисник.

Сејм олд шит секаде.

4 март 2024 - 15:07