„Твитерот“ на Закерберг блокира пребарувања за ковид

Копијата на Икс (Твитер) на гигантот Мета блокира да се интересирате за ковид, но и за ред други „непријатни“ теми. Ќе пуштеле резултати за пребарувањата кога ќе биле сигурни дека тие ќе бидат  „квалитетни.“ Надвор од темата: пишурија беше да се следи како на Threads итно се натопорија локалните квази- прогресивци, среќни што си нашле место далеку од лошиот Маск.  

Вашингтон пост неделава пренесе дека најновата социјална платформа го претстави својот обновен пребарувач само за корисниците кои ќе побараат „ковид“ или „продолжен ковид“ да добијат празен екран и поп-ап кој води до веб страната на американскиот Центар за контрола и превенција на болести. 

На пребарувачот блокирани се и термини како секс, порно, коронавирус, вакцини, вакцинација...

Мета соопшти дека пребарувачот на Тредс „привремено не дава резултати“ за зборови кои можат да прикажат „чувствителна содржина.“

„Луѓето ќе можат да пребаруваат клучни зборови како „ковид“ во идните ажурирања, кога ќе бидеме сигурни во квалитетот на резултатите“, соопшти Мета.

А прогресивците што ги спомнавме (Проверка на факти, Развигор, КриТинк, Глобал Воисис, такви мустри) кои нивниот новоотворен акаунт на Тредс го истакнуваа гордо како беџ, и онака не би ни побарале нешто на своја рака. Знаат тие што треба да мислат.  

12 септември 2023 - 16:57