Полиција истражува виртуелно силување во метаверзум

Истражни органи во Англија го истражуваат првиот случај на „силување“ во метаверзум, откако девојче било „нападнато“ во видео игра за виртуелна реалност. Нема физички повреди бидејќи и немало физички напад, но малата била вознемирена откако нејзиниот дигитален лик бил нападнат во виртуелна „соба“. А за оние силни убиства во катаљарда игрици, кога ќе почнат истраги?

Полициското началство е загрижено дека девојчето, кое било помладо од 16 години а други детали не се откриваат заради нејзина заштита, ја претрпела истата психолошка и емоционална траума како некој реално силуван во реалниот свет, бидејќи ВР искуството е дизајнирано да биде реалистично.

„Знаеме дека тактиките на насилниците постојано еволуираат. Метаверзумот создава порта за предаторите да извршат ужасни злосторства против децата, злосторства за кои знаеме дека имаат доживотно влијание, емоционално и ментално. Затоа и нашиот полициски пристап мора постојано да се развива за немилосрдно да ги гониме предаторите и да ги заштитиме жртвите низ сите онлајн простори“, изјави Иан Кричли, раководител на Националниот совет на полициските началници за истрага за заштита на деца и злоупотреба.

Тешки будалаштини и глумење јалова и лажна загриженост. Имало истрага. И да ги најдат кретените кои се силеле во виртуелна соба, по кој закон ќе ги судат за „силување“?

А да ја научеа малата да ja тргне ВР кацигата ако почне нешто глупо во играта, или пак да игра Мајнкрафт? Или упорно ќе се одгледува армија од снегулки, комплетно беспомошни да се справат со својата „вознемиреност“?

5 јануари 2024 - 12:04