Белата куќа како уредник на Фејсбук 2

Давајќи си на себе алиби дека работат на зголемување на стапката на вакцинирани против ковид, функционери на Белата куќа вршеле притисок врз Фејсбук да добијат специјален пристап до алатки со кои располага компанијата, дополнително обвинувајќи ја дека не споделува доволно содржини со владата.

„Бидејќи е глобална пандемија, може ли сега на државните агенции да им дадеме пристап за параметри за таргетирање (публика) кои вообичаено не би ги имале?“ прашал директорот за дигитал на Џо Бајден, Роб Флерти.

Во дел од интерните документи на Фејсбук што ги објавува Фокс њуз, раководителката за стратешки комуникации на Бајден, Куртни Ров, „ја исмева способноста на средна Америка да утврди што е вистина а што не е“.

„Ако некој од рурален Арканзас види нешто на ФБ, тоа е вистината. Нам ни треба помош во борба со тие митови,“ рекла Ров.

Конгресменот Џим Џордан објавувајќи дел од документите кои се добиени на барање на Конгресот, тврди дека од Фејсбук било побарано и алгоритамот да се штелува во нивна корист.

Наводно Флерти прашал „ако го смените алгоритамот за луѓето повеќе да добиваат содржини од Њујорк тајмс, Вол стрит журнал, и други меродавни извори отколку од Дејл вајр, Томи Лорен, кои се поларизирачки. Дали тогаш би имале механизам да го проверите колкаво е материјалното влијание?“

Кецот, тука.

4 август 2023 - 12:48