За само 90 долари месечно вашиот нов Мерцедес може да побрза

Сопствениците на електрични Мерцедеси од моделите EQE и EQS во иднина за сосема симболични 60 или 90 долари месечно (во зависност од моделот) ќе може да си доплатат за нивниот нов автомобил да вози побрзо.

За овие пари забрзувањето и моќноста на моторите на Мерцедесите ќе биде зголемена за 20 до 24 проценти. Кај EQE, за кој претплатата е 60 долари, моќноста на моторот се зголемува од околу 290 коњски сили на речиси 350 коњи, со што развивањето од 0 до 100 паѓа од 6 на 5,1 секунди. Кај поскапата претплата, за EQS, можноста расте од 355 на 442 коњски сили, додека забрзувањето од 0 до 100 паѓа од 5,3 на 4,5 секунди.

Наместо секој месец да се пребројувате, Мерцедес дава можност и за еднократно плаќање за трајно забрзување, кое ќе чини 1.950 односно 2.950 евра, што отприлика му доаѓа колку 3-годишна претплата на услугата.

Ова со претплатите и обидот на производителите да продолжи „да капе“ по некоја пара и откако ќе ја продадат колата, почнува да станува се поприсутно, па Тесла меѓу првите понуди за 3.250 долари можност да се отклучи целиот капацитет на батериите на постари Модел С автомобили, а пред некое време БМВ понуди претплата за греење на седиштата на некои од новите модели.

4 мај 2023 - 10:45