Продаден мерцедесот над сите мерцедеси

Мерцедес-Бенц 300 СЛР Уленхаут купе од 1955, едно од највисоките дизајнерски достигнувања што ги имаме остварено како човечки вид, е продаден на аукција за 143 милиони долари.

Со сумата што ја достигна на аукцијата, Мерцедесот стана најскапиот автомобил што некогаш бил продаден. Претходниот рекорд за најскап автомобил беше 48,5 милиони долари.

Победничката сума ја крева дилерот Сајмон Кидстон кој работи за неименуван клиент. Кидстон исто така цели 18 месеци лобира кај бордот на Мерцедес-Бенц да реши да го продаде автомобилот.

Целата аукција минува доста таинствено и се случува на 5 мај, во Мерцедес-Бенц музејот во Штутгарт, и на нејзе се поканети само избрани колектори и муштерии на Мерцедес-Бенц.

300-ката е произведена во само два примерока и го носи името на тогашниот главен инженер и дизајнер на Мерцедес, Рудолф Уленхаут.

Колата се базира на успешниот тркачки модел W 196 R со кој Фанџо освои два светски шампионати. 300-ката има поголем 3-литарски мотор, и достигнува брзини од 290 км/ч, што ја прави една од најбрзите легални возила во тоа време.

Мерцедес-Бенц е сопственик и на двата примерока од 300-ката, заради што и аукцијата и информацијата за продажба на возилото беше изненадување.

Пред оваа, најскапото возило продадено на аукција беше Ферари 250 ГТО од 1962, кое во 2018 на јавна продажба беше купено за 48,5 милиони долари. Додека приватно најскапо продаденото возило е Ферари ГТО од 1963 продадено исто во 2017 за 70 милиони долари.

20 мај 2022 - 10:30