Од Онлифанс се прават страшно многу пари, посебно ако е твој

Секој работен ден во годината сопственикот на Онлифанс во просек си исплаќа по 1,3 милиони долари откако минатата година платформата (главно) за порнографска содржина стигнала до профит од 525 милиони долари.

Дивидендата што Онлифанс му ја има исплатено на сопственикот Леонид Радвински за 2022 е 338 милиони долари, со што основачот на платформата во изминатите три години има заработено 889 милиони долари.

Сајтот заработува процент од парите на неговите креатори/ки кои задржуваат 80% од сите пари што преку Онлифанс ќе им легнат на сметка, а останатите 20% ги плаќаат за најразличните сервиси што тој им ги обезбедува од платформа, сервер и интернет, до процесирање на наплата.

Онлифанс денес има 3,2 милиони регистрирани креатори. Пред една година беа 2,1 милион. Бројот на регистрирани „фанови“, луѓето кои плаќаат претплати и дополнителни услуги, изнесува 239 милиони. Во 2021 беа 188 милиони.

Вкупните приходи на компанијата изнесуваат 1,1 милијарда долари. Во 2021 сумата била 932 милиони.

Онлифанс има вкупно 53 вработени.

1 септември 2023 - 10:12