Кина дава жмигавец да ја претица Јапонија

Кина е на пат да ја престигне Јапонија и да стане најголемиот светски извозник на автомобили. Уште од лани, Кина ја гледа Германија во ретровизор. Една година пред тоа, беше претицана Јужна Кореја.

Во последниот квартал, Јапонија остана понапред од Кина за 70.000 извезени автомобили месечно, но во истиот период лани, разликата изнесуваше 170.000 коли.

Кинезите имаат сериозен скок во продажбата во Русија од почетокот на војната во Украина и го зголемија пазарниот дел откако нивните ривали како Фолксваген и Тојота ја напуштија земјата, придржувајќи се до западните санкции за Москва.

Од минатата година, Кина е втор најголем извозник на автомобили во светот, заземаји го местото на Германија. Една година пред тоа, ја престигна Јужна Кореја.

Кинескиот раст на извозот, меѓу другото, се припишува и на растечката побарувачка на електрични автомобили. Продажбата на елeктрични коли има пораснато за 10 милиони.

Ако продолжи ова темпо, се очекува Кина да ја претица Јапонија веќе следната година.

 

20 август 2023 - 11:05