Паркирани писма на читатели

Плоштината на еден човек

Почитувани граѓани на Македонија, а посебно вие што живеете во Скопје, дали знаете колку се вреднува вашиот труд? Не знев ниту јас, додека не пресметав дека во работните денови, во периодот од 07 – 21 часот, 12м2 асфалт во Скопје заработува 600 денари, односно 33% од она што јас го заработувам за 8 часа работа во еден работен ден.

36м2 празен асфалт дневно заработуваат 100% од она што го заработувам јас. 36м2 празен простор македонските јавни претпријатија го вреднуваат колку што вреди и мнозинството нас.

Ако можеме да си ја растегнеме кожата за да ги покриеме тие 36 квадрати, така растегнати ќе си живееме просечно.

Иако е тешко човек да се сфати себе сериозно откако ќе ја пресмета својата вредност во плоштина асфалт, во прилог се наведени сериозни податоци. Според официјалната статистика, просечната плата во Македонија во месец септември изнесува 37.876 денари. Или, за 176 часа работа месечно  се заработува околу 1.720 денари на ден или 215 денари на час.

ChatGPT вели:

  • Вообичаено правило во урбанистичкото планирање е дека трошоците за паркирање не треба да надминуваат 1-2% од просечниот дневен приход на жителите. Ова е грубо упатство за да се осигура дека паркирањето останува достапно за широк опсег на поединци.
  • Претпоставувајќи дека еден просечен работен ден трае 8 часа, цената за паркирање по час идеално би требало да биде во рамките на 0,125% до 0,25% од просечниот дневен приход.

Пресметано според просечната плата во Македонија и насоките на ChatGPT (од 2%) , 8 часа паркинг треба да чини 34.43 денари, или 4.3 денари на час.

Според насоките на ChatGPT ја подготвив оваа табела:

Дали знаете колкав е просечниот принос на пченица во Македонија по хектар земјоделско земјиште?

  • Цената на пченицата во септември 2023г. изнесувала 222.75 евра за тон или 13,7 денари по килограм.
  • Просекот во Македонија е околу 300-400 килограми по 1.000 метри2 или околу 300 до 400 грама на еден м2.
  • Според оваа пресметка едно паркинг место годишно може да произведе околу 4.8 кг. пченица или 65,6 денари ;

Оваа година асфалтот на градот ќе му донесе приход од околу 159.360 денари, односно 2.590 евра за површина од 12м2. Колку што земјоделецот ќе заработи за 8.760 часови (колку што вкупно часови има една календарска година) обработувајќи ја истата површина.

Утре купете 2 (два) леба од по 33 денари и замислете дека сте земјоделецот кој цела година работел 12м2 за да ги заработи тие 66 денари. И потоа замислете дека до вас има куп од 4.828 леба
заработени од иста површина асфалт. Како ќе се чувствувате?

Поздрав,
Вашиот сограѓанин
Јане Крстески

п.с. На сите нас и сите нив сакам да им ја честитам Новата 2024 со песната:

 

 

 

 

28 декември 2023 - 10:09