„До балчак“ писма на читатели

Дури бев и регрутиран како одговорен за позиција над с. Ајватовци насочена кон патот с. Арачиново - с. Грушино. Ништо од наведеното не го доживеав толку лично, како да е мој последен судбински  повик за акција, како што го чувствувам бугарскиот асимилаторски бран последниве месеци.

Почитуван Трендо,

Долго се мислев за вовед за она што сакав да го кажам, а сè уште воведот го немам. Но најдов линк до тоа што би го кажал:

Ако  можам да го задржам твоето внимание за уште неколку реченици би ми било драго.

Во текот на осумдесеттите кога растев и го осознавава светот околку мене, чувствував некоја детска љубомора затоа што не сум се родил во такви времиња какви ги гледав на телевизија. Сакав да бидам комита, сакав да бидам и партизан, а верував дека сите светски проблеми се решени за навек.

Во меѓувреме многу работи се случија. Дури бев и регрутиран како резервист десетар одговорен за позиција над с. Ајватовци насочена кон патот с. Арачиново - с. Грушино на батерија од два 40мм и два 20 мм топа.

Ништо од наведеното не го доживеав толку лично, како да е мој последен судбински повик за акција, како што го чувствувам бугарскиот асимилаторски бран последниве месеци.

Претходно верував во некаква светска правда која на нивен специфичен начин ќе донесе правичен суд (ах, какво разочарување од сопствените очекувања)

Шарените ги игнорирав.

Во времето на т.н. тиранската платформа и преспанскиот договор чувствував длабок немир во душата кој го празнев низ пластичното свирче од 20 денари. Кога сето тоа се заврши, заврши и  мојот детски романтизам.

Сега сум човек во своите доцни четириесетти години кој материјално го обезбедил своето дете.

Јас сум човек ослободен од страв.

Сега сè е до балчак.

Поздрав,
Јане К.

п.с. Веројатно велешаните во Солун се чувствувале вака и затоа се тргнало онака!
 

 

 

6 февруари 2023 - 12:28