Најлудиот нуркачки подвиг со кој не може ниту поларна мечка

А сега земете длабоко воздух пред да го прочитате рекордот на еден нуркач, кој и со влез во Гинис, 1% не ни менува ни помага да разбереме како успеал да преживее.

Давид Венцл е 40 годишен чешки пливач со чудесна плуќа кој успеал да гњури 171 стапки (52 метри) и да се врати жив и веројатно здрав во камен ладна вода од 1 степен. (Погледнете во 10-12 катница).

За нас нереалниот надчовечен, можеби за него очекуван подвиг се случил во швајцарското езеро Силс и траел 114 секунди. Кога се појавил излегол од вода со малку крв од уста.

Слободниот нуркач не само што го соборил човечкиот рекорд за најдолго гнурење под мраз, туку успеал да гњури и повеќе од поларна мечка.

Во студија за поларна биологија, истражувачот Јан Стирлинг открил дека максимумот на поларна меча се 165 стапки или 50 метри во рок од 3 минути и 10 секунди.

Она што е уште повеќе за чудење е што Давид немал нуркачка опрема од типот на боца за кислород и елек, туку влегува гол со гаќици, капа, пераи и очила за капење.

Тренингот опфаќал бањање до смрзнување и носење лесна облека и при многу студено време.

Чехот очекува дека Гинисовата книга на рекорди ќе го заведе неговото достигнување откако ќе ја прегледа видео снимката.

За да му го запишат како светски рекорд во Гинис, мразот мора да биде дебел минимум колку едно стапало и не смее да носи нуркачки одела.

15 март 2023 - 14:46