Млад Литванец урна рекорд во фрлање диск стар 38 години

Дваесет и едно годишниот Миколас Алекна од Литванија постави нов светски рекорд во фрлање диск на светскиот турнир одржан во Оклахома (САД). Алекна фрлил 74,35 метри и го урнал рекордот стар цели 38 години кој го држел Германецот Јирген Шулт уште од 6-ти јуни 1986-та година кога фрлил 74,08 метри.

Дваесет и едно годишниот Литванец студира на Универзитетот Калифорнија и е двократен освојувач на медал на Светските првенства на отворено. Во 2022-ра освоил сребрен медал на Светскиот куп во Орегон и бронзен медал минатата година во Унгарија.

Занимливо е што новиот светски рекорд на Миколас Алекна доаѓа само ден по новиот светски рекорд и во женска категорија кој го поставила Кубанката Јаиме През со фрлање диск 73,09 метри.

15 април 2024 - 08:32