Голем си Рафа

Педро Качин е аргентински тенисер. Има 29 години и не е нешто многу помлад од Рафаел Надал кој има 37 и е на залез на кариерата. Но тоа не беше причина Аргентинецот после мечот кој Надал го доби 6-1, 6-7, 6-3 чесно да му побара некој сувенир за спомен зошто му е идол. Рафа му подари маичка.

„Фала ти Рафа многу, ми го исполни сонот. Не знам дали можеш, но сакам да те прашам, дали може да ја задржам маицата или пешкирот или нешто слично како спомен“, го праша аргентинскиот тенисер Надал.

На турнирот во Мадрид, во 1/8 финале Надал ќе игра против Чехот Лехечка. 

30 април 2024 - 09:03