- Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров го објави поширокиот список за бараж дуелите за СП 2025 со Фарските Острови.
- Во стручниот штаб ново име е легендарниот пикер на Вардар и Македонија, овој пат во улога на помошник тренер.
- Првиот натпревар го играме на 8 мај на гости со почеток од 20:00 часот, а реваншот во Скопје е закажан за 12 мај од 19:00 часот.
- Ова е четврти поранешен репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.
- Фудбалскиот сојуз на Албанија објави дека се кандидирал за организација на завршен турнир на Европско првенство за млади фудбалери до 21 година во 2027-ма година.
- Од фудбалскиот сојуз на Албанија додаваат и дека ќе му се обратат на фудбалскиот сојуз на Србија со желба двете федерации заеднички да организираат Европско затоа што немале доволно стадиони кои ги задоволуваат највисоките европски стандарди.
- Албанија во последните години бележи одлични резултати, се пласираа на две Европски првенства (2021 и 2024). Со сојузот кај нив раководи Арманд Дука кој е воедно и еден од потпретседателите на УЕФА. Тирана беше домаќин на финале на Лига Конференции во 2023 а во 2025-та ќе организира и Европско У-15.
- Македонија и официјално го доби првиот спортист кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз кои се одржуваат летово од 26 јули до 11 август.
- Се работи за нашиот атлетичар Дарио Ивановски, кој според ранкингот на World Athletics во моментов е на 78. место во дисциплината маратон.
- Ивановски е сопственик на националниот рекорд, остварен пред три месеци на маратонот во Севиља со време од 2 часа, 8 минути и 26 секунди, што е апсолутно најдобро време во историјата на Македонија.