Леброн му сруши епски рекорд на Џабар и загуби со невидени 44 коша разлика

Историска ноќ за Леброн Џејмс со измешани чувства, кој не му се израдува на новото НБА достигнување.

Леброн Џејмс ноќеска стана апсолутен рекорден по број на одиграни минути, вкупно 66.298 и му го сруши долгиот рекорд на Карим Абдул Џабар кој на паркетот мина 66.297.

Ова му се случи во натпревар на кој сигурно најмалку посакуваше, а тоа е против Филаделфија од кој Лејкерски загубија со високи 138:94.

За Џејмс ова е највисок пораз во кариерата, податок кој му ја валка историската ноќ.

Тој постигна само 18 поени и направи 5 асистенции, а необично мечот го заврши со 0 скокови.

Немилосрдниот противник погоди 22 тројки, а како најдобар поединец се истакна Џоел Ембид со 30 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Ова е седми пораз во низа на Лејкерси против Филаделфија, а воедно и најголем во серијата од 290 натпревари. Никој до сега не го поразил Леброн со 44 поени разлика. Претходниот највисок пораз му е од Индијана со -42 пред четири години.

Инаку на вечната листа на НБА кошаркарите со најголем број одиграни минути трет е Карл Мелоун, четврти Коби Брајант, а петти Дирк Новицки.

Од активните играчи, најблиску е Крис Пол на 28 место, а Кевин Дурент е 50-ти.

Џејмс кој следниот месец полни 39 години, ја игра 21-та сезона во НБА и шеста со Лејкерси. Сезонава има просек од 25,5 поени по натпревар, 8 скока и 6,6 асистенции.

Минатата сезона го мина Џабар на челната позиција и според бројот на поени во лигата, 39.078.

28 ноември 2023 - 09:02