Го потсетија Леброн, дека не е веќе така млад

Јак муабет му направи Џабари Смит Џуниор, роден 2003-та на Леброн Џејмс, роден 1984-та, пред стартот на мечот Лос Анџелес Лејкерс - Хјустон Рокетс кој заврши 140:132.

Дијалогот оди вака:

Смит: Еј, знаеш дека првиот НБА натпревар ти е против татко ми? 

Џејмс: Стварно?

Смит: Против Сакраменто.

Леброн: Зошто ми го правиш ова?

Смит: Што е, да не се чувствуваш стар?

38 годишниот Леброн Џејмс го заврши мечот со 48 поени, 8 скока и 9 асистенции.

Инаку татко му на Смит е седум години постар од Леброн, а тоа деби се случува во 2003-та, годината кога се родил Џабари Смит Џуниор.

Леброн после мечот изјави дека тоа не се единствените татко и син против кој играл.

А како помина неговиот прв НБА натпревар во кариерата?

Фотографии и видео од дебито

17 јануари 2023 - 09:12