За кого гласаа капитенот и селекторот на Македонија?

Стефан Ристовски и Боби Милевски излегоа одлични прогнозери во изборот на ФИФА за најдобрите на годината.

Ристовски и Милевски гласаа за победниците Лионел Меси и Лионел Скалони, кои победија во конкуренцијата за фудбалер и тренер на годината.

Останатите гласови капитенот на Македонија им ги даде на Модриќ и Алварез кај фудбалерите и Анчелоти и Гвардиола кај тренерите.

Македонскиот селектор втор го стави Мбапе, а трет Бензема. Од колегите, после Скалони се реши за Дешамп и Анчелоти.

Во гласањето на 200 земји членки на ФИФА, гласаат и спортските новинари. Претставник од Македонија по седми пат е Мијалче Дургутов кој му даде 5 гласа на Меси, 3 на Мбапе и 1 на Модриќ.

Парада на ѕвезди: Меси избран за најдобар играч на светот според ФИФА

28 февруари 2023 - 08:39