Голи против облечени

Во борба против комерцијализација на фудбалот и крик за зачувување на старите добри вредности во фудбалската игра, во градот Херне во Германија бил организиран натпревар меѓу голи и облечени.

Натпреварот бил одигран на 1. мај по идеални услови за игра, на стадионот во градот Херне. Средбата била дел од кампањата „уметност + протестен меч против УЕФА, ДФБ и прекумерната комерцијализација на фудбало“, рекол иницијаторот и уметник Герит Старжевски. На трибините имало стотина гледачи а на еден транспарент кој висел на табла пишувало: „Фудбалскиот систем е разболен, ќе го излекуваме“.

Кампањата има исто за цел и пример на разновидност и природност против зависности и влијание на друштвените мрежи и лажните идеали на убавина.

 

3 мај 2024 - 15:24