Голеада на Олимпико, голчиште на Атанасов, висок пораз на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да го задржи убавиот биланс против Италија. Четирикратниот светски првак ни се одмазди за Палермо.

Убаво и на моменти нереално звучеше скорот на Македонија против Италија од една победа, две нерешени и само еден пораз.

Но Италијанците тоа го расипаа, на најдобар можен начин со петарда во мрежата на Столе Димитриевски. Македонија - Италија конечни 5:2 во претпоследното квалификациско коло за ЕП 2024.

Натпревар кој практично беше решен по првите 45 минути во кои домаќините ја потврдија фаворитската улога со водство од 3:0.

Резултатот го отвори Дармијан по 17 минути игра, а потоа следуваа два гола на Киеза во финишот на првиот дел. Можеше да биде и 4:0, но Димитриевски му фати пенал на Жоржињо.

Македонските фудбалери никаде ги немаше, одиграа очајно прво полувреме и практично не ја ни допреа топката. Италијанците доминираа со речиси 70% посед на топка и вкупно 11 удари кон гол.

Но сепак, имавме и ние моменти за одбележување, а тоа се двата гола на Јани Атанасов кој погоди во 52 и 74 минута. 3:2 на семафорот не изгледаше лошо и апетитите беа да се направи уште едно изненадување барем со бод.

Но Распадори тоа не го дозволи и во 81-та зголеми на 4:2. Кога натпреварот веќе беше решен, прекрасната атмосфера со 56.000 публика на Олимпико ја Рим, ја разубави Ел Шарави со петти погодок во 93-та минута.

Филип Нацоски, Рим

17 ноември 2023 - 22:30