Финалето на ЕП 1968 меѓу Италија со Џиџи Рива и Југославија со Драган Ѓаиќ кое се играше два пати

И покрај тоа што клупската кариера ја мина во Каљари, Џиџи Рива важеше за големо и многу почитувано фудбалско име, како и еден од најдобрите италијански напаѓачи во историјата. Не за џабе цели 23 години не беше чепнат од позицијата тим менаџер на Италија.

Смртта на легендарниот Рива кој почина вчера од срцев удар на 79 години, ја врати филмската фудбалска лента во Италија во 1968-ма. Годината во која ја освоија првата европска титула.

Италија беше освојувач како домаќин после две големи клучни одлуки кои за денешно време се апсурдни, па дури и несфатливи. 

ЕП 1968 беше трето издание кое се играше во три градови со четири селекции. Последното на кое дебитираше Македонија беше со 24.

Италија во полуфинале го елиминираше СССР, а Италија беше подобра од Англија. Четирите полуфиналисти на турнирот стигнаа преку плејоф средби.

Како Италија го мина СССР? Без победа и без голови. Во тоа време не постоеше правилото на изведување пенали, па Италијанците станаа финалисти со помош на фрлање паричка.

На другото полуфинале Југославија го совлада светскиот првак Англија, предводена од Боби Чарлтон, со голот на Драган Џаиќ во 86-та минута.

Финалето меѓу Италија предводена од легендарните Ѕоф, Рива, Мацола, Факети и Југославија со Џаиќ е посебна приказна, бидејќи се одигра два пати.

Првиот дуел на 8 јуни заврши 1:1 со головите на Доменгини и Џаиќ и за да се одреди победникот по два дена се одигра уште еден дуел. И двата меча се играа на Олимпико во Рим, првиот со 68.817 гледачи, вториот со двојно помалку.

Домаќините на реваншот славеа со 2:0. Резултатот го отвори токму Џиџи Рива во 12 минута, а точка на мечот стави Пјетро Анастати.

Рива против Југославија

Џаиќ против Италија

Головите

Хајлатс и доделување на трофејот

Почина Џиџи Рива, митот на италијанскиот фудбал

23 јануари 2024 - 15:15