Платинестиот јубилеј е „последната воздишка“ на британската монархија каква што ја знаеме

Живееме низ историски настани.

По долго очекување, дојде на ред Платинестиот јубилеј - луѓето се собираат за да го прослават 70-годишното владеење на кралицата Елизабета II - монарх кој најдолго владеел досега со Обединетото кралство и Комонвелтот.

Кога ќе ѝ заврши владеењето (да е жива и здрава), монархијата драматично ќе се смени, според главниот кралски историчар Хуго Викерс. На некој начин, јубилејот е само момент во времето, каков што веќе нема да видиме, и последна воздишка пред значајните промени.

„Ако размислите, ова е последен пат јавно да ја славиме кралицата и да ѝ се заблагодариме,“ вели Викерс. „Ова беше исклучителна златна ера што ја предводеше и работите во одреден момент драматично ќе се сменат, па мислам дека овие неколку дена ќе бидат навистина важни. Сите мораат да излезат и да ја слават.

Кралицата не треба баш да се брзаме да ја отпишеме - иако заради годините има потешкотии со движењето, моќта ѝ е поголема од кога и да е.

„Ја сакаат ширум светот, ја почитуваат светски лидери, ја надгледува монархијата со таква грациозност и остар ум, што само неколку нејзини зборови знаат да имаат огромно влијание,“ вели експертот за менаџирање репутација, Ерик Шифер. „Знае да комуницира со ретка ефикасност. Можеби ќе се намалат нејзините појави во јавноста, но нејзиното влијание и моќ се најсилни до сега.“

Во случај да не сте ја виделе, еве ја кралицата (во секоја смисла на зборот, очигледно) со мечето Падингтон:

God save the queen.