- Ви текнува 2000 и некоја (рано) кога сите носевме каубојски шешири? Е па, се враќаат. И не само тие. Бијонсе се префрли на кантри, Лана Дел Реј веќе најави исто кантри - а пребарувањата на Гугл за „каубојски шешир“ пораснаа за 212,5%, и за „боло вратоврска за неверојатни 566%.
- Оттогаш, каубојската мода од секаде никнува, од мода, до музика, до дрес-код за свадби. Барби и Кен во филмот носеа каубојски шешири, и танчерите на I’m Just Ken на Оскари во таа чест исто така.
- Патем, историчарите расправаат дека белите каубои романтизирани во вестерн-филмови се мит и дека стилот всушност се копира од мексиканските вакерос, само што луѓето од другите раси не добивале претставување во мејнстрим медиумите.
- Патем, ова не ѝ е прв пат на Бијонсе да го враќа каубојскиот шешир.
- Брендот го има создадено во 1970 и оттогаш има развиено иновативен процес за принтање на кожа и тексас, градејќи глобален моден и лајфстајл бизнис со храбри анимал-принтови и накитени фармерки. Ако блескало, било проблематично за носење без да се вртат луѓе, а не било Версаче, Кавали било.
- Кавали доаѓа од семејство уметници - дедо му, Џузепе Роси бил водечка фигура во движењето Макијајоли, со дела изложени во галеријата Уфици во Фиренца.
- „Пловеше низ Медитеранот во неговата металик-виолетова јахта, со гости и селебрити-фаци, од кои многумина носеа Кавали по црвени теписи и никогаш не се плашеше гласно да каже што мисли, без разлика дали дискутираше минимализам или секс, или што е за него лоша мода.“
- Шминкерката Пати Дуброф посочува како да ја вратиме шминката од ‘90-те на себе, адаптирана за денес. Ова „за денес“ е кажано во надеж дека нема да има нови унаказувања со чупалица, затоа што, фала богу заврши времето на четки од веѓи од пред некоја година, ама не треба ни „линиите“ да ги враќаме.
- ‘90-те инаку беа јако време за мејкап-артисти и начинот на кој стекнуваа статус на икони со помош на селебрити клиенти.
- Од тоа време се Боби Браун, Пат Мекграт и Пати Дуброф, што сега имаат неверојатни (и скапички) колекции на шминки од категорија: вреди.