Јутјуб може да му го земе лебот на Тикток

Иако најбрзорастечка апликација, има друг великан што му се меша во штипки.

Јутјуберот Џими Доналдсон во епизода на подкастот Фул Сенд сподели мислење дека Јутјуб со неговите Shorts ќе го надмине Тикток и тоа од многу едноставна причина.

Иако луѓето се сè уште наклонети кон Тикток, Доналдсон смета дека, бидејќи Јутјуб месецов најави дека креаторите можат да се квалификуваат за партнерски програми, што значи можност за заработувачка,

„Со почеток во јануари, ако хипотетички добиете милијарда прегледи на Тикток, ќе добиете 1000 долари. Ама милијарда прегледи на Јутјуб? Тоа буквално може да ви донесе 100 000.“

Вели и дека Тикток можеби ќе мора да се адаптира на тоа.

Останатите учесници во подкастот не се забрзаа да го прифатат ова мислење, сметајќи дека Тикток веројатно ќе ја смени стратегијата, но Доналдсон не попушта:

„Мислите дека Тикток со заработувачката од десетици милијарди долари преку ноќ ќе рече, знаеш што? Пола од овие десетици милијарди ќе ги дадеме. Тешко.“

Корисниците сè уште се држат до Тикток поради „случајноста“ и „непрофесионалноста“ на видеата направени од обичен народ, за разлика од спремноста на Јутјуберите.

4 октомври 2022 - 11:37