Џесика Палашоска се капеше со слон и го погали по сурлата, па среде „забавата“ на слонот му се наежија сите влакна… на главата!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.

„Отсекогаш ме фасцинирале патувањата, запознавањето на нова култура и начинот на живот на другите народи. Сакам да патувам и да откривам нови и интересни места“ – напишала македонската фолкерка Џесика Палашоска покрај фотографиите на кои ги сподели своите спомени и искуства од далечното патување на една позната егзотична светска туристичка дестинација.

„Сакам сонце, плажа, бикини, море, океан, природа… A кога сум на одмор покрај тоа што сакам да истражувам (сакам се да видам)… Сакам и да уживам во убавините што ни ги подарила мајката природа, а верувајте во Тајланд има и што да се види, ќе се погрижам низ моите фотографии за момент да ве доближам до овој земјен рај“ – вели македонската фолкерка и навистина глетката која ја понуди е празники за очи.

Да не знае човек во што порво да погледне, во што да ужива? Дали во убавините на Тајланд како што и самата вика или во раскошните облини на Џесика?

И Тајланд и таа, имаат што да понудат: Тајланд – земјен рај, Џесика сексапилна до крај. И кога е во жолто бикини, каде доминираат нејзините два огромни ананаси… Оние што таа ги држи в раце, секако, со констатација дека не е на диета… Само на ананас пауза, е!

А кога сме веќе кај паузата, откако ја соблече блузата и остана во нејзиното црвено бикини, Џесика денот го мина во базенот… Со или без блуза, пејачката тврди дека неделите треба да доаѓаат со копче за пауза! А Џесика знае како и колку да го притисне!

А, во неделите треба да најдете време и за тренинг, џогинг, физичка рекреација… Џесика тоа добро го знае, па откако самата со себе се договори не постојат изговори русокосата да ја смени одлуката!

Кога ќе се најдеш на преубаво место, тогаш не ти е грижа за ништо… Едноставно го земаш она што животот ќе ти го понуди и уживаш во него. Е сега, кога животот ќе ви даде лимони – уживајте во сокот, вели Џесика!

Ама кога животот ќе ти даде можност да се капеш со слонови и слонот да го погалиш по сурлата, тогаш обајцата уживате во капењето… А слонот во галењето! И тој знае, а и сака, дека не се случува секој ден да го погали по сурлата, ваква нежна и мека женска рака!

Неговиот поглед и реакцијата само ја потврдуваат ситуацијата. Среде „must do – забавата“, на слонот му се наежија сите влакна… на главата! И за Џеси и за слонот искуство што тешко се опишува… само се доживува!

Како и да е Џесика покажа дека сака да патува и уште повеќе знае да ужива во животот… За крај… „Земете здив, дишете длабоко и уживајте во животот“ – порача сексапилната фолкерка поздравувајќи ве со бакнеж и прекрасна глетка одзади… а, сепак пред вас!

20 мај 2023 - 12:24