Поротата што донесе пресуда по консултација со мртвите

Начинот некој да биде осуден за кривично дело се разликува од држава до држава. Но во голем број контексти последниот збор го има порота, која се состои од 12 „обични“ луѓе кои се практично судии, дури и во најсериозни случаи. Тие, по излагањата на обвинителството и на одбраната, треба да одговорат на едно едноставно прашање: дали Х е виновен или не. Во еден ваков случај била потребна консултација со оностраното.

Во не толку далечната 1995, британска порота требало да одлучи дали извесен Стивен Јанг, 35, осигурителен агент, е виновен за масакр на брачниот пар Фулер во нивната викендица во Сасекс. Обвинителството тврдело дека откако насилно влегол во куќата, Јанг пукал во обајцата, убивајќи ја жената додека таа се обидувала да повика полиција. 

Во вакви случаи поротата вообичаено ги зема предвид сведоштвата на очевидци, ДНК докази и изјави од најблиски роднини и пријатели на жртвите. Но во овој со со Јанг, тие се свртеле кон натприродното.

Иако поротата била под заштита, па нејзините членови не смееле да се издвојуваат од групата, четворица од нив се сретнале во хотелскиот ресторан. Бидејќи им било забрането да гледаат телевизија, откако се напиле по некоја чашка искористиле табла за повикување духови која еден од поротниците ја имал прошверцувано, за да ги контактираат духовите на Фулерови и да ги прашаат кој ги убил. Одговорот добиен од таблата довел до тоа Јанг да биде прогласен за виновен. 

Но откако еднаш станало јасно дека при одлучувањето вмешале прсти и вакви елементи, на обвинетиот му е дозволено повторно судење. Не дека овој пат поминал подобро - повторно бил прогласен за виновен, само сега од друга порота, и базирано на „земски“ докази.

Во британското право секоја одлука на поротата која е постигната под влијание на лични предрасуди може да се обжали. Но интересно е дека под ова не потпаѓа донесувањето одлука со фрлање паричка - ако сите членови се согласат, принципот на случајност излегува најнеутрален и не потпаѓа под забраната за фаворизирање на една од двете опции (виновен-невин) поради лични ставови и преференци. 

извор

28 октомври 2022 - 09:59