Нова данска политичка партија чиј шеф е вештачка интелигенција

Синтетичката партија во Данска е посветена на спроведување платформа која е подготвена од машина, а нивниот портпарол е четбот под име Водачот Ларс. Сè нешто мислиме дека ние со ваква партија би просперирале камо-каде подобро отколку со постоечкиве.

Синтетичка партија, нов политички играч во данската политика, има вештачки, а не природно интелигентен портарол, како и политики креирани од AI. Членовите се надеваат дека ќе добијат место во парламентот, и се подготвуваат да се кандидираат на генералните избори најавени за ноември.

Партијата беше основана во мај од уметничкиот колектив Компјутер Ларс и непрофитната организација МајндФјучр Фаундејшн. Портпаролот на партијата е четбот-от Водачот Ларс, кој е програмиран врз идеологиите на маргинализираните дански партии кои немале свои претставници во парламентот од 1970 до денес. Политички, таа има амбиција да претставува вредности на 20% од Данците кои вообичаено не гласаат на избори. Водачот Ларс нема да биде на изборните ливчиња, туку на нив ќе бидат човечки членови на Синтентичката партија. 

Со водачот може да се зборува на платформата Дискорд, а секоја реченица во обраќањето кон него треба да почнува со „!“. Вештачката интелигенција разбира англиски, но одговара на дански. 

Некои од политиките кои ги предлага Синтетичката партија вклучуваат воспоставување универзален базичен приход од 100.000 дански круни месечно, еквивалентно на околу 13.000 евра (!?), што е двојно од просечната данска плата. 

Исто така, мисијата на партијата е да поттикне поголема свесност околу улогата на вештачката интелигенција во нашите животи. Партијата се надева дека би можела да додаде 18-та цел за одржлив развој на списокот на ОН, кои би требало да бидат постигнати од сите нации до 2030. Таа предлага цел „Живот со вештачките“ и се фокусира на тоа како луѓето да бидат образувани и прилагодени за работа со машини. AI според нив по дефиниција е популистичка, бидејќи таа се обучува врз основа на големи количества податоци или уметнички дела создадени од луѓе и извлечени од интернет. Но дури и да е популистичка, таа се уште не е демократска. 

Синтетичката партија се разликува од целосно виртуелните политичари, како САМ од Нов Зеланд и Алиса од Русија, кои се ботови со кои гласачите можат да разговараат. Но тоа се само антропоморфизирани машини направени така да изгледаат како објективни кандидати. Целта на Синтетичката партија не е да се фокусира на една централна личност-бот, туку да поттикне прашања за тоа како луѓето можат да ја користат вештачката интелигенцијата во своја корист. 

Засега партијата има само 11 потписи од 20.000 колку што се потребни за да се кандидира на изборите во ноември.

14 октомври 2022 - 18:50