Блазе си му

Италијанецот кој живее во своја верзија на „Господар на прстените“

Николас Џентиле, 37-годишен слаткар, не сакал само да се преправа дека е хобит, туку навистина да живее во Средна земја. Тој и неговата сопруга изградиле своја верзија на Шајр - регионот од фиктивната Средна земја на Толкин.

Ако сакате да изградите своја фиктивна земја, прво треба да ја купите. Тоа го направил Италијанецот Николас Џентиле, кога купил парцела близу градот Чиенти во Абрузо, каде тој и неговата жена почнале да градат своја лична Средна земја.

На 27 август, заедно со група пријатели и фанови на LOTR, во целосни костими на елфови, џуџиња и хобити, тој пешачел 200 километри до Неапол, минувајќи планини и реки, за да го фрли Прстенот во вулканскиот кратер на Везув.

„Пред некое време сфатив дека книгите и филмовите веќе не се доволни за да ми ја задоволат страста за жанрот фантастика, и особено за сагата Господарот на прстените“, изјавил Џентиле. „Сепак читав за животот на дури луѓе. Одлучив дека сакам целосно да го живеат мојот сопствен хобитски живот“.

Во двата хектара тој веќе ја има изградено својата прва куќа каде живее со семејството во хобитска облека, а вратата му е секогаш отворена за посетители. Слаткарот, кој има завршено геологија, планира да изгради и други објекти од книгите, како и своја верзија на куќата на Билбо Багинс. Целта му е всушност да направи цело хобитско село, со доволно простор за посетители кои би можеле со денови да живеат во овој магичен свет.

Всушност, животот во овој регион според него и не се разликува толку од оној на хобитите. Тие според Џентиле отсекогаш работат како хобити и се поврзани со природата. Прославуваат како хобити, организираат фестивали и игранки, а и народната носија им е некако „хобитска“. Тука се организира еден од најстарите фестивали во Европа, Бандереси, кога луѓето носат средовековни облеки, танцуваат и подготвуваат типични локални јадења.

Тој вели дека неговата земја ќе се вика Контеа Џентиле, поради авторски права. Куќите ќе бидат изградени со собирање средства преку интернет, а целиот проект ќе биде еколошки, со користење соларна енергија. Неговото пешачење до Везув требало да го промовира проектот но и да испрати порака дека планетата е под закана на климатски промени и загадување, кои се исто толку опасни по човештвото колку и Саурон. По пат го пресретнувале луѓе кои му нуделе сместување и храна и го поддржале неговиот потфат. „Ако тоа не е магија, тогаш што е?“

7 септември 2021 - 08:56