Изгледа Пелоси ќе се пензионира

Ненси Пелоси тврди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „пречката“ за постигнување на решението за Израел и Газа со две држави, и побара негово заминување.

Во неодамнешно интервју во кое зборува за контраофанзивата на Нетанјаху во која се убиени 34.000 Палестинци, Пелоси порачува:

„Го признаваме правото на Израел да се одбрани себе си. Она што го отфрламе е политиката и постапките на Нетанјаху.

Ужасни. Што може да е полошо од она што тој го нарави во својот одговор на нападот? Треба да си поднесе оставка. Во крајна линија тој е одговорен.“

Таа смета дека Нетанјаху со години го блокира потенцијалниот мир во регионот.

„Не знам дали тој се плаши од мир, не е способен за мир или само не сака мир, меѓутоа тој е пречка за решението со две држави. Го нагласувам зборот решение,“ изјавила Пелоси.

Гневот на Пелоси кон Нетанјаху не важи и за Израел кој и понатаму може да смета на нејзината поддршка бидејќи тоа е во интерес на националната безбедност на САД. Таа беше и една од 366 законодавци кои пред некој ден ја изгласаа десетици милијарди долари тешката помош за израелската армија.

27 април 2024 - 11:14