Таг: саудиска арабија

Како Бајден ја изгуби Саудиска Арабија

Владетелот на Саудиска Арабија не му крева на телефон на Бајден, а минатава недела дојде на еден чекор поблиску да прифати кинески јуани за испораката на нафта на Кина. Ова е уште една последица, и тоа значителна, од неспретното справување на САД со стратешки важниот сојузник, пишува уредништвото на Вол стрит журнал.

Кинески јуани конечно пробија кај Саудијците?

Саудиска Арабија е на пат да дозволи нафтата што Кина ја купува од нив да ја плаќа со јуани наместо како сите децении до сега со американски долари. И ова не е толку заради Кина, колку за инает на САД.

Арапите не му креваат телефон на Бајден

Белата куќа неуспешно пробала да ги добие на телефон лидерите на Саудиска Арабија и Емиратите, за да поразговараат со Бајден околу проблемот со цените на нафтата.

Саудиска Арабија како столб на природната убавина... кај камили

Судиските власти зададоа одлучен удар на една од најголемите измами во земјата и наредија дисквалификување на 40 камили од еден тамошен избор за најубава камила, затоа што биле „унапредени“ со ботокс, фејслифт и филери.

Барса и Бока ќе играат Куп Марадона во Саудиска Арабија, Диего еднаш настапил таму

Гигантите Барселона и Бока Јуниорс објавија дека е договорен пријателски меч во декември а натпреварот ќе биде наречен „Куп Марадона“ посветен на првата годишнина од смртта на легендарниот Аргентинец.

Српски тренер дели совети во Саудиска Арабија на свој англиски јазик

Tренерот се вика Бошко Јоловиќ и работи во Саудиска Арабија. Од дополнително инфо и немаме потреба, туку бараме да пуштат втор, па и трет дел. Старо, ама многу добро видео. И Џордан им го спомнува.

Која е дамата која ги донесе најбогатите Саудијци и Катарци во Премиер лигата?

Њукасл и официјално премина во сопственост на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Фронтмен на целата зделка е Аманда Стејвли, британска бизнисменка која со години е на насловни страни во тамошните таблоиди.

Годинава аџилак ќе има за само 1.000 аџии од цел свет

Драматичното намалување на посетители, од милиони на само илјада, се должи на пандемијата, а саудиските власти аџилакот годинава го закажаа за 29 јули.

Њукасл станува нов Манчестер Сити, Саудиска Арабија доаѓа на „Сент Џејмс парк“

Најомразениот човек во секое ќоше од Њукасл, Мајк Ешли после долги години конечно ќе се спаси од гневот на навивачите, а богами и тие од неговото апатично водење на клубот од Тајнсајд.

Хит прослава на играч во Саудиска Арабија

Кај сте да ве чујам? Ау да бе, без публика се игра.

Трамп тарифа за рекетарење богати држави

Трамп тргна да објаснува колку е добар во дипломатија, за до крај на реченицата да признае дека всушност рекетарски ги продава американските војници како заштита низ свет.

Фантастичен гол на Џовинко во Саудиска Арабија

Некогаш најголемиот талент на Јувентус и италијанскиот фудбал, Себастијан Џовинко, откако во Канада ги учеше како се игра фудбал, сега раструа и во Саудиска Арабија. Игра за тимот Ал-Хилал. Синоќа на гости против Ал-Хазм во 90+1’ минута израмни на 1-1 со бомба.

Презимиња на дресовите на арапски јазик, жените добија дозвола за стадион

Фудбалерите на Лацио во рок од само неколку дена, по вторпат го демолираа Јувентус со 3-1, овојпат далеку од дома, во Саудиска Арабија, земја која што плати милиони за италијанскиот Супер Куп да се игра кај нив.

Зошто Саудиска Арабија увезува песок?

И тоа ни помалку ни повеќе од Шкотска. Ако ја гледаш Шкотска на мапа, па Саудиска Арабија на мапа, ништо од ова нема логика. Ама вон мапите има. П.С. една работа што не сме ја знаеле за песокот е дека тој е необновлива суровина.

Зошто Саудијците лажат колку нафта вадат?

Да им веруваш на изјавите на Саудиска Арабија околу нивното производство на нафта, за експертите е исто како да и веруваш на Кина за нејзиниот економски раст. И деновиве ова само се влоши по нападите на саудиските нафтени капацитети.

Путин се понуди да и помогне на Саудиска Арабија, со С-400

На Саудијците дронови им уништија една од клучните нафтени постројки на земјата, а според Путин тоа никогаш не би се случило доколку располагаа со С-400 одбранбениот систем.

Саудиска принцеза доби условно за тепање водоводџија во Франција

Хаса бинт Салман е сестра на актуелниот престолонаследник на Саудиска Арабија, која некако сфаќа дека нејзиниот кралски статус важи и на другата страна на светот, во Париз.

Како беше убиен Џамал Кашоги

Саудискиот новинар е убиен и распарчен (буквално) во саудиската амбасада во Турција. Катарска Ал Џезира, врз основа на турски извори, прави видео реконструкција на убиството на Кашоги.

Сегде појди, дома дојди - чудно лето за шпицот на Виљареал

Фудбалскиот клуб Малага (игра во Сегунда) е извор на нејасни информации, шпекулации и чудни зделки. Наводно имаа сериозни планови за сезонава, ама на крај, како и секоја во последниве 4-5 години, ни сами не знаат кај тераат.

Иран ги сска Американците

Саудиска Арабија има убиено над 3.000 Американци и пак и дозволувате да има нуклеарно оружје, порача првиот човек на иранската дипломатија.

Јемен е доказ дека во очите на Западот не сите Нотрдами се создадени еднакви

Пред некое време целиот свет во живо следеше како се урива дел од францускиот национален идентитет и меѓународниот симбол за Париз. Глетка која со право предизвика сожалување кај светската јавност. По некое време, истата оваа јавност се сврте околу себе.

Децата на Кашоги секој месец добиваат рушвет за да не галамат

Освен пари, на четирите деца на убиениот новинар им се дадени и куќи од саудиските власти за да се осигура дека тие „ќе продолжат да покажуваат воздржаност во нивните изјави во јавноста“.

Саудијците ја имаат најпрофитабилната компанија на светот за 2018

Профитот од 2018 на Епл + Гугл + Ексон мобил = саудиски Арамко.

Саудиска Арабија ги цица резервите со вода на Калифорнија, на цака стара 140 години

Во 1877 британски копач на злато почнува да обработува едно парче земја во Калифорнија и со тоа го добива правото и на бесплатно користење на водите кои минуваат низ местото. Век и пол подоцна, човекот е умрен, местото е претворено во град, ама водата и понатаму е бесплатна, во еден случај и за Саудијци.