Саудиска Арабија како столб на природната убавина... кај камили

Судиските власти зададоа одлучен удар на една од најголемите измами во земјата и наредија дисквалификување на 40 камили од еден тамошен избор за најубава камила, затоа што биле „унапредени“ со ботокс, фејслифт и филери.

На камилите им е одземено правото да се натпреваруваат на Крал Абдулазис фестивалот на камили, откако било утврдено дека нивните сопственици:

- Ги боцкале со ботокс во главата и усните за да им изгледаат поголеми.

- Им ставале филери за да им опуштат лицето.

- Им ставале хормони за да им ги нагласат мускулите.

- Им нагласувале делови од телото со помош на гумени стегаши.

- Им ги ширеле усните и носевите.

Зошто некој толку да се смара и да малтретира камили? Затоа што најубавите камили се натпреваруваат за награда од околу 66 милиони долари.

Судиите на изборот ги оценуваат камилите според формата на главата на животното, вратот, грпките, како е накитена и држењето.

„Клубот е решен да ги запре сите акти на измени и измами во разубавувањето на камилите,“ пренесува Саудиската новинска агенција.

Целта на фестивалот е да се зачува улогата на камилите во традицијата и наследството на Бедуините. Самото одгледување на камили е мулти-милионска индустрија во регионот.

10 декември 2021 - 09:00