Шоу на Дончиќ и Ирвинг, ги растурија Клиперси

Кошаркарите на Далас Маверикс се изборија за нов триумф и поведоа со 2:1 во четвртфиналната серија на Западот. Тандемот Лука Дончиќ - Кајри Ирвинг функционираше перфектно.

Лука Дончиќ беше кус за само една асистенција за да запише нов трипл дабл во вечерта која ја заврши со 22 поени, 10 скока и 9 асистенции.

Словенецот постигнуваше поени во негов стил, разигруваше и беше асистент на разни атрактивни дриблинзи.

Одлична вечер имаше и Кајри Ирвин кој мечот го заврши со 21 поен, 6 асистенции и 4 скока.

Лос Анџелес Клиперс едноставно беше немоќен против расположениот тандем Дончиќ - Ирвинг, кој му ја обезбеди победата на Далас од 101:90 за предност од 2:1 во плејоф серијата.

Четвртото нивно соочување е повторно во Далас, во недела со почеток од 21:30.

Изненадувачка поддршка за Дончиќ 

Се појави со мангупска кола 

 
27 април 2024 - 12:46