Сè во врска со парите на Маск е рекордно

Илон Маск постави Гинисов рекорд за најголема загуба на лично богатство. Од ноември 2021 има изгубено меѓу 182 и 200 милијарди долари. Пред него, рекордер беше јапонскиот технолошки инвеститор Мсајошо Сон кој во 2000 година исчури 58,6 милијарди долари. Пред да пуштиме по некоја солза за Маск, елате да видите една друга математика.

Печатницата се смета за еден од најголемите пронајдоци на сите времиња. Тој изум суштински започна револуција, трансформирајќи го начинот на кој идеите се пренесуваат низ целиот свет.

Истовремено, таа се смета за зачеток на целата Ренесанса бидејќи со неа црквата го изгуби монополот над писменоста и божјата реч. Дотогаш, копии од Библијата можеле да прават само посветени монаси. Оттогаш, таа е во сечии раце па не е чудно што првата машински испечатена голема книга е Библијата.  

Илон Маск има пари. Многу пари. Во еден момент во 2021 година има толку пари што можел да ги купи сите клубови од американската кошаркарска, безбол, рагби и хокеј лига. Сите заедно.

Да ги споиме двете теми.

Јоханес Гутенберг ja има изумено машината некаде во 1440 година и за 10 години таа веќе е во комерцијална уптореба. 

А сега вака:

Ако од првиот ден на нејзиното постоење, со машината на Гутенберг сте печателе еден милиони долари дневно - секој ден! -  до денес ќе немавте испечатено пари колку што има Илон Маск.

Оттогаш се минати 212.674 дена. Значи, за 583 години ќе се испечателе 212,67 милијарди долари. Маск има 246 милијарди. 

21 септември 2023 - 12:51