Сè што треба да знаете за она што се случува во Газа

На седми октомври Хамас изврши брутално жесток напад на Израел и оттогаш Израел се одмаздува со брутално жестоки напади на Газа. Дали смее да ви е жал за сите жртви? Апсолутно не, мора да одберете страна, објаснува The Onion (кромид, ви текнува?).

Каде е појасот Газа?

- Не му ја мисли.  И онака нема да постои до крајот на неделава.

Како медиумите му пристапија на конфликтот?

- Решително и неодговорно.

Колку луѓе загинаа?

- Зависи дали ги броиш и палестинските жртви.

Дали смее да ми е жал за сите жртви?

- Апсолутно не. Мора да одбереш страна.

Каква е меѓународната реакција?

- Луѓето од цел свет придонесоа со поплава од инфографици.

Како реагираа САД?

- Лидерите го потсетија Американците дека нивната нација има одговорност да биде распенавен обожавател на олтарот на смртта.

Што прави Израел за да избегне цивилни жртви?

- На цивилите од Газа им е дадена шанса засекогаш да бидат протерани од нивната татковина.

Каде можам повеќе да научам за состојбата?

- Тоа е гео-политички и морално сложена ситуација која се комплицира со децении и има контекст од илјадници години. Значи, пробај од инстаграм сторињата на братучед ти.

Која поука можам да ја извлечам од овој конфликт?

- Дека дехуманизацијата раѓа дехуманизација, дека теророт раѓа терор и дека никој од нас не може да биде слободен додека сите  не сме слободни, или пак, дека е полесно да свртиш глава на страна.

18 октомври 2023 - 10:01