Флоскулизација на интернетот

Денес, кога отворате социјални мрежи, ве преплавува цунами од идиотски изреки. „Животот е...“ е омилен почеток на некоја бесмислена умотворба која армија папци потоа ќе ја споделуваат со брзината на нивните лепливи прсти. Дополнете што било после тоа, никаков проблем, флоскулчето ќе ја најде својата публика.

„Ако сакаш да победиш, не смееш да изгубиш!“ Познатиот слоган од уште попознатиот стрип – Алан Форд, го одбележа моето детство во осумдесеттите години на минатиот век. Сарказмот со кој тој зрачеше, нè инспирираше нас децата во тие години во комунистичка Југославија, да гледаме на нашата околина со покритички поглед. Брилијантен стрип, мајсторски преведен, доведе до култен статус на ова издание во нашата поранешна татковина. Секоја изрека, досетка и флоскула ја кажувавме на тежок пургерски (загрепски) сленг, затоа што тоа беше аланфордсковски.

Денес, кога отворате социјални мрежи, ве преплавува цунами од идиотски изреки. Суштината на животот, моќта на самоконтрола, победничкиот менталитет, се само дел од лесните теми со кои се занимаваат големите умови на интернет.

Животот е...“ е омилен почеток на некоја бесмислена умотворба која армија папци ќе ја споделуваат со брзината на нивните лепливи прсти. Дополнете што било после тоа, никаков проблем, флоскулчето ќе ја најде својата публика.

 

Животот е брана, сите нè кочи. Ете ви една мудра; не, не ja ископав од темните подруми на Фејсбук, самa ми испадна од мозокот на левиот тестис. Е, таква вредност носат таквите трескања.

Одамна еден Американец ми кажа дека книги со поговорки и изреки купуваат глуперди. Тој сентимент ми е близок затоа што, како што беше речено во воведот, се сеќавам само на аланфордските умотворби. Ретко ќе сретнете паметна личност која мафта со изреки.

Следете ги вашите соништа - ако ве пали оваа бесмислица, веројатно сте глупи ко лопата. Барем така тврди истражувачот Гордон Пеникук во својот труд: „За рецепцијата и детекцијата на псевдопросветлените срања“. Да, баш така вика студијата... булшит. Прочитајте го барем апстрактот од овој труд, бидејќи јасно е дека патетични изреки се привлечни за оние со редуцирана интелигенција. Треба да скратите уште десетина IQ поени за да споделите таква глупост со надеж дека ќе стопите слични срца. Едноставните решенија бараат едноставни умови, кои не се замараат со студирање и анализирање. Чуму сето тоа кога решението е во куса умотворба од сомнителен извор.

Неретко разни изреки им се припишуваат на историски личности. Тоа е тој неопходен печат за флоскулата да добие кредибилитет и на тој начин да стигне до секое мозоче на оваа планета. Врвот на ледениот брег е погрешното припишување на изреки на историски личности. Така на Марија Антоанета ѝ се припишува она „нека јадат колачи“, иако едноставното пребарување на Гугл, во два клика може да ве доведе до вистината. Во моментот кога таа флоскула ја видела светлината на денот, таа имала само 12 години. Но, фамата сама се потврдува во паланките на интернетот, со нови генерации глупани кои ја преџвакуваат истата илузија. Истото е и со „целта ги оправдува средствата“. Пекинезерот Макијавели напишал разни гадости, ова го нема напишано.

Но, не е сè црно. Армијата на оние кои го исмејуваат овој тренд исто така е неуморна. Ако нешто знае да ме насмее насабајле, тоа е некаква заебанција на сметка на изреките и флоскулите.

Јасно е дека www им го нема испиено мозокот на сите. Ако не моеш да ги победиш, онда ругај ги. Ете едно згодно флоскулче, на сленг како што го памтам. Е, да, Никола Тесла го има ова извадено од себе, кога на Максимир си ја траќал главата дали е Србин или Хрват. 

Убавината на социјалните мрежи е токму во тоа што сите се присутни. Паметни, глупи, добри, зли и лигави, сите на мрсното купче на човечката смртност. Тука се соголевме, јас покажавме својата животинска страна, онаа единствената која целосно ни припаѓа. Може сме се спуштиле од дрвја и сме избегале од пештери, ама природната глупост и натаму ни е на дофат на рака. Само треба да отворите Фејсбук и ете ви ја.

За крај, една голема умотворба на еден голем пургерски поет: Глупердите скитаат далеку. Кој погоди од кого е, добива банана.

Владимир Ѓукановиќ, Фејсбучење

*************

 

 

20 октомври 2023 - 13:22