Да кажеше или пишеше некој дека лукот е одлично средство против ковид пред само неколку години, автоматски ќе беше ставен во групата рамноземјаши и кемтрејлци. Ама, ева ја сега таа вест легитимно, со истражување, експерименти и сè што треба за со мирна совест да се набутате лук поддржани од науката, за околу вас да не припарат луѓе ни вируси.