Интернет

Луѓе има, пари нема, аџанак баџанак

Откако Маск го презеде Твитер, тој бележи рекорден раст на корисници, спротивно на тврдењата на некои кругови дека ќе се случи масовен егзодус на корисници од платформата. Но, дали тоа ќе биде доволно за да се вратат и огласувачите кои беа подуплашени од гневот на кансел ордите?

Твитер војна во време на војна

Анализа на твитови во врска со Украина покажала дека не постои моќна руска Бабарога која прави р’шум по социјални медиуми ловејќи невини западни души. Проукраинските твитови се далеку побројни. Меѓу другото и затоа што проруските се забранувани. Но, не е само тоа.

Провери ми нешто и дој по плата

Повеќето од организациите за проверка на факти со кои Фејсбук соработува за следење и регулирање на информациите за Украина, се директно финансирани од американската влада, или преку американските амбасaди или преку контроверзниот Национален фонд за демократија (НФД).

Гугл е полн со екс агенти на ЦИА

Најмоќната и навлијателна компанија во светов во последно време има ангажирано дузина долгогодишни поранешни агенти и офицери на ЦИА, сите високо позиционирани и ангажирани на чувствителни полиња, онаму каде што се решава што треба да се види а што не.

Фејсбук појма нема каде ни се податоците

На почетокот на годинава, протече еден внатрешен документ на Фејсбук дека компанијата нема точна идеја каде сè одат податоците за корисниците и што сè се прави со нив. Сега отворени стенограми од едно сведочење на нивни долгогодишни инженери го потврдуваат тој проблем.

И Виза и Порнхаб кабает за плаќање за детска порнографија?

Разумно е да се заклучи дека Виза свесно овозможила криминална активност кога дозволила нејзините сервиси да се користат за плаќање за дистрибуција на детска порнографија преку Порнхаб заради што американски федерален судија дозволи да се продолжи со судската постапка по ова обвинение.

Ништо од купувањето на Твитер

Илон Маск официјално поднесе документи за терминирање на процедурата за купување на Твитер по основа дека социјалната мрежа лажела за време на преговорите.

Ранетиот Твитeр мава на сите страни

Протекоа муабети меѓу вработени од Твитер кои покажуваат со каква леснотија се разгледуваат казните за неподобните акаунти, навика која доби бустер по успешното ампутирање на американски претседател од платформата. Овојпат, мета на „либералите“ се Либералите.

Бајден го следат над 11 милиони лажни Твитер профили

Речиси половина од сметките што го следат официјалниот Твитер на американскиот претседател (@potus) се лажни, открива официјална ревизија на службената сметка на Бајден. Уште повеќе ги има на личниот профил на Бајден, каде од 32 милиони следбеници, 43% или 14,6 милиони се лажни.

Не плашете се, ЕУ за ваше добро ќе ви ги чита пораките на телефонот

Легализирање на „задолжителна контрола на пораките на јавноста“ треба да биде сржта на новиот предлог закон што Европската комисија денес треба да го претстави.

Илон Маск ќе го враќа Трамп на Твитер

Во моментот кога Маск ќе стане газда на Твитер, тој ќе ја укине доживотната забрана за поранешниот американски претседател да се појави на платформата, затоа што истата едноставно е глупа.

Само цензуриран Твитер (им) е добар Твитер

Твитерџија решил да провери како функционира фамозната заштита на корисниците од говорот на омраза па напишал пет истоветни одвратни твитови за различни нации: британската, американската, израелската, украинската и руската. Погодете кој од тие пет твита не бил спорен за управата.

Саудијците си легнаа на Твитерот

Саудискиот принц кој по основа на своите акции го крена гласот против потенцијалното угнетување од Илон Маск кога овој најави дека ќе го купува Твитер, вчера порача дека сака да биде другарче со Маск.

Затоа што парите веќе немаат никаква вредност

Компанијата зад Боред ејпс, Југа лабс, викендов заработи 320 милиони долари (во криптовалути) од продажба на виртуелно земјиште. Да.

Здружни демократи, ЕУ и Сорос решија да му ја вадат душата на Маск за Твитер

Поранешни членови на претседателските тимови на Клинтон и Обама, помогнати од Сорос и влади од ЕУ стојат зад анти-Маск кампањата за присилување на големи корпорации да го бојкотираат Твитер.

Почнаа нарачките до Илон Маск

Истиот ден кога беше објавено дека Маск станал најголемиот акционер во Твитер, Републиканци побараа од основачот на Тесла да ја врати во живот Твитер сметката на Доналд Трамп.

Човекот што ги хакна Самсунг и Нвидиа е 16-годишен дечко

Во Британија најверојатно „падна“ лидерот на Лапсус (Lapsus$) кој до апсењето успеа да изгради завиден список на хакнати компании и изнудени околу 14 милиони долари од истите овие компании, и сето тоа на 16 години.

Фејсбук правично дозволи да се повикува на убиство на Путин

Социјалната мрежа направи исклучок од својата бланко забрана за користење на платформата за повикување на насилство, и одлучи дека повикување на убиство, смрт и слично е дозволено кога се работи за некој што стварно не го сакаш. Денес тој некој е Руската федерација, Путин и компанија.

Ќе добиеме ли наместо интернет - сплинтернет?

Украинците побараа од глобалниот интернет регулатор комплетно да ја ампутира Русија од глобалната мрежа. Добија корпа, но, како што вика еден Марфиев закон, ако нешто може да тргне на лошо - ќе тргне на лошо.

Украина бара исклучување на Русија од интернет

Политички гасењето на Русија од интернет би била страшно сила порака, технички, гасењето би било катастрофа за цел интернет.

РТ соборена од Анонимус

Рускиот телевизиски канал објави дека е жртва на „масовни“ сајбер напади од над 100 милиони уреди кои главно се наоѓаат во САД, објавува Вајс.

Интернет се од корен корнеше

Французин е на пат да лежи затвор откако е откриено дека кога им гасел интернет на своите деца, го оставал цел град без интернет и без мобилен.

Кинеските технолошки гиганти умно се построија зад кинеската влада

Технолошки ЦЕО-а вредни милијарди и милијарди долари ги поздравија политиките на кинеската влада, кои од пред некое време беа воведени за нивно ставање во ред.

На ЕУ скроз и е ок без Фејсбук

Се уште под влијание на најлошите резултати во историјата на Фејсбук (Мета) Закерберг како никогаш до сега и покажа заби на ЕУ и ѝ се закани дека Унијата целосно ќе остане без Фејсбук доколку не ги укине непосакуваните закони. Еден ден подоцна едни од највисоките функционери во Унијата му порачаа на Закерберг дека едвај чекаат такво нешто.