Таг: копенхаген

Заврши сезоната за Елмас во ЛШ, Реал неубедливо и со многу среќа до четвртфинале

Реал Мадрид и Манчестер Сити им се придружија на Баерн и ПСЖ во топ 8 фазата од Лига на шампиони. Актуелниот шампион на Европа рутински го доби Копенхаген со ист резултат како на првиот дуел. Лајпциг одигра одлична партија на Бернабеу со 19 шутеви од кои 4 во рамки на гол, наспроти 12 со 3 на кралевите, но успеа да извлече само 1:1, недоволни за пласман понатаму. Елмас влезе во 85-та.

Како Копенхаген ќе се обиде да ги спречи тоа осите на Сити?

Копенхаген за втор пат во историјата ќе игра осминафинале во ЛШ. Ги паметиме и од третото квалификациско коло против Вардар пред шест години. Загубија 1:0 на Градски, ама на реваншот победија 4:1. Вака од прилика треба да им биде тактиката против актуелниот европски првак, инаку немаат шанси.

Интересна конверзација меѓу Солскјер и капитенот на Копенхаген кој од мал навива за Јунајтед

Данците синоќа беа жилав противник кој го измачија фаворитот 120 минути, а по крајот на средбата камерите снимија фудбалер на поразениот тим, кој и не е баш разочаран што Манчестер Јунајтед мина во следната фаза.

Манчестер помина, ама сите зборуваат за дриблингот на Копенхаген

Црвените ѓаволи се пласираа во полуфиналето на ЛЕ со гол од пенал во продолженијата, но малку фалеше во последните 25 минути да бркаат негатива, откако играчот по име Расмус Фалк им направи беља во шеснаесетник и прати двајца играчи во Манчестер.

На скулптурата на Малата сирена осамна графит „расистична риба“

107 години старата скулптура често е вандализирана од луѓе што протестираат за разни каузи. Сега дојде на ред таа да биде толкувана како расистична.

Колосална утка на годината доаѓа од Данска

На дербито во данскиот фудбал меѓу Нордсјеланд и Копенхаген кој заврши 1:1, имаше промашен зицер на сезоната. По 36 минути игра, додека Копенхаген водеше со 0-1, домашниот играч Мадс Тикосен ја заеба физиката.

Арсенал даде 2 гола за 2 минути и оди во следна фаза, Лацио испадна

И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.

Второто доаѓање на земјата на Бендтнер

Откако замина од Арсенал му се изгуби трага. Кратко дремеше во Јувентус, па луташе по Норвешка за да на крај си го најде гнездото дома, во Данска. Навивачите на Копенхаген се збудалени за неговото доаѓање: дресови со неговото име рекордно продадени во клупскиот фан шоп, маици одат како алва. Пола град дојде да го гледа неговото деби и го дочека. Против Мидтјиланд влезе во игра во 71’ минута.

Професорот кој ѝ помогна на Аталанта да стане толку силна

Тимот од Бергамо важи за едно од напријатните изненадувања во Топ5 лигите во Европа во последните пар сезони. Успехот се должи и благодарение на еден симпатичен Данец кој работи од сенка и кој му препишувал диети на Зидан во Јувентус.

Легендарниот фудбалер на Ливерпул се занимава со чистење канализации

Навивачите на „Енфилд Роуд“ никогаш нема да го заборават стоперот кој важеше за еден од најпожртвуваните борци на теренот. За жал, рано прекина со фудбалот, ја заврши кариерата и се занимава со други нешта.

Назотека или збирка на скршени носови

Насловот звучи необично, но се работи токму за тоа - за голема збирка носови, изработени во мермер, камен и други материјали, кои отпаднале од оригиналните скулптури и сега не може да им се најде сопственикот.

Големо славје во Копенхаген за голот на Ериксен

Данците поведоа со 1-0 против Австралија со голот на Кристијан Ериксен уште на почетокот од мечот кој заврши 1-1 и сега имаат 4 бода. Во Копенхаген на големо се славеше голот на нивниот миленик.

Копенхагизирање на твојот град

Како што цртањето две ленти сред ливада не е решение кога сакаш да создадеш мрежа за автомобилски сообраќај, така и проблемот со патеки за велосипед не се решава со просто исцртување ленти кои најчесто никој не ги почитува, што заради невоспитаност, што заради тоа што одземаат од и онака недоволниот капацитет на улиците или тротоарите. А како што ќе покаже Копенхаген, има огромна ќар од создавање на велосипедски-пријателски град.

Кореографијата на навивачите на Копенхаген

Нивниот тим поведе 1-0 па после ја почуствува силата на Атлетико Мадрид - мечот заврши 1-4, но ќе остане во сеќавање кореото на домашните пред мечот.

Има нешто здраво во државата Данска

Данците долго се на врвот на листата на најсреќни земји на светот а ова е приказна за Копенхаген и цаките кои ги прави, за луѓето да бидат  позадоволни од него. Нашето евентуално патешествие кон нивниот статус нè води низ две невозможни мисии. Прво, да дојдеме до пари и второ, да не ни бидат битни.

Најскромната ѕвезда што се вози со градски превоз ја однесе својата земја на Светско

Последната европска земја која се пласираше на Мундијал 2018 е Данска која што ја згроми Ирска со 1-5. Целата работа ја заврши Ериксен кој на реваншот во Даблин постигна хет-трик.

Голчиште во Копенхаген

Данскиот шампион против кој играше нашиот шампион Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите во дуел од првенството славеше победа од 3-2 против Сондерјиске со голчиште на Србинот Андрија Павловиќ во 84’ минута.

Црвено-црна фешта, падна и Копенхаген!

Во првиот меч од 3. квалификациско коло вечерва во Скопје, фудбалерите на Вардар го победија Копенхаген со 1-0 и со убава залиха ќе патуваат на реваншот во Данска за една недела.

Вардар ќе игра во својот дом против Копенхаген

Откако стадионот „Младост“ во Струмица ни крив ни должен се изнагледа европски фудбал летово, УЕФА реши од неколку причини да ја прифати молбата на Вардар да игра на Националната Арена.

Што треба да знаеме за следниот противник на Вардар

А ќе го дознаеме некаде околу 21:15 вечерва кога би требало да заврши реваншот меѓу Копенхаген и Жилина. Словаците пред невозможна мисија, Данците поблизу до Вардар.

Вардар ако го мине Малме пак ќе патува во Скандинавија

Во случај Вардарци да се радуваат после реваншот против Швеѓаните во Струмица во вторник, следен предизвик веројатно ќе им биде данскиот првак Копенхаген кој има високи 3-1 од гостувањето против словачка Жилина.

Копенхаген го освои Купот, а трофејот го подигна навивач

При секоја церемонија на доделување медали и пехар се знае како оди протоколот, но овој пат Копенхаген направи исклучок кој ќе се памети. Респект.

Денот кога Галатасарај ја покори Европа

На 17. мај пред 17 години, на стадионот „Паркен Стадиум“ во Копенхаген, најславната генерација во историјата на Галатасарај на пенали го победи Арсенал во финалето на Купот на УЕФА и го освои ова вредно натпреварување.

А ќе речеш Данска е тоа, друг свет

Омразата кон градскиот ривал и неговите навивачи знае да биде голема, но она што го направија навивачите на Брондби на градското дерби против Копенхаген ја носи бизарноста до друго ниво. Не ги гаѓаа противничките фудбалери со „вообичаени“ предмети, туку од трибините фрлаа мртви стаорци кои редарите мораа да ги собираат за да се изведе корнер.