Таг: капитализам

Нова видео игра за последниот човечки работник на Земјата

Футуристичка сатира, „Последниот работник“ е игра во која треба да замислите што би правеле доколку сте последниот човек кој работи во кошмарна верзија на магацин на Амазон.

Ред е да се престане со „работам и нешто на страна“

Она што во свет се вика „side hustle“, или „чепкање“ нешто дополнително, освен основната работа што ја имаш, а почна пред неколку години - не е добро. Идејата дека сѐ може да се постигне, само ако работиш доволно вредно е стара колку и капитализмот, но концептот на пукање по шевови само за да се изнесеш на прав пат е многу 2020-та.

Неофеудализам: вистинското име на современиот капитализам?

Во „Капиталот е мртов“, книга од 2019, авторката МекКензи Варк прашува: Што ако веќе не сме во капитализам, туку во нешто полошо?

Светската банка предлага укинување на минималната плата

Намалување на регулацијата која ги штити работничките права е неопходен услов работниците да не станат прескапи па капиталистите да решат да тргнат кон нивна елиминација. Ова е последниот скандалозен предлог на институцијата задолжена за одржување на кредитното робовладетелство на најсиромашните земји во светот.

Климата добива моќен сојузник а тоа не е капитализмот

Не можеме да зборуваме за климатските промени без да чепнеме во суштината на економскиот систем кој нè доведе до оваа точка, пишува Салон потсетувајќи на тезата на Наоми Клајн дека се работи за „војна на капитализмот против планетата“. Еден од највлијателните луѓе во оваа област од Запад тврди дека само Кина има воља да ја зачисти планетава. 

Капитализам со суперхиковски лик

Знаете како функционираше робинхудовскиот принцип кај ликот од Алан Форд: кради од сиромашните и давај на богатите. Е, па, капитализам.

Зошто капитализмот пропаѓа?

Џозеф Стиглиц е добитник на Нобелова награда за економија, и е поранешен потпретседател и главен економист на Светската банка.

Зошто капитализмот создава бесмислени работни места

Во 1930 Кејнс предвидува дека до крајот на векот технологијата ќе биде доволно напредна за земји како САД и Велика Британија да можат да си дозволат 15-часовна работна недела. Иако технолошки сме сосема способни да го направиме ова, сепак предвидувањето на Кејнс не се остварува.

Навивачите на Дортмунд со транзистор ќе се борат против капиталистички клуб

Викендов Дортмунд игра против Лапјциг на гости, а навивачите одлучија мечот да го следат на радио во својот град. Тие се големи борци против било какво корпоративно гледање фудбал и поради тоа го презират клубот на кој му забранија да прави шалови со нивното име, бои и грб.

Кога економистите навиваа за робовладетелство

Една подзаборавена група француски економисти од 18 век, теоретски но и практично ги поставила основите на она што денес го знаеме како слободна трговија и државна дерегулација. Иако звучи како достигнување, тоа е така само ако се изземат милионите жртви на трговијата со робови, кои се неодвоиво поврзани со приказната за настанокот на современиот капитализам.

Филантропијо, и на Бога си му тешка

Дали филантропијата, која во буквален превод значи љубов кон луѓето, може да биде нешто лошо? Може, ако е во спрега со капитализмот, кој под плаштот на таа иста љубов само ја поддржува постоечката нееднаквост, спречувајќи ја порамномерната дистрибуција на богатство и моќ.

На која класа ѝ припаѓаш?

За генерации Американци ова прашање беше лесно. Оној кој поседуваше куќа, живееше во семејство со деца и го издржуваше со добро платена работа, ѝ припаѓаше на американската висока средна класа. На двата краја на оваа голема средина беше елитата и гордата работничка класа.

Спиењето како анти-капиталистички чин

Новата книга на Џонатан Крери, „24/7: доцниот капитализам и крајот на спиењето", зборува за една актуелна тема - конфликтот помеѓу биолошката потреба за сон и современиот притисок за продуктивност.

Демократијата и капитализмот пред развод

Светски познатиот словенечки филозоф Славој Жижек неделава гостуваше на Универзитетот Јеил во рамки на на тродневната манифестација Bulldog Days, која се организира во чест на новопримените студенти.